МПЦ и православните денеска ја одбележуваат Велика Сабота

Date:

Share post:

Православните верници денеска ја слават Велика Сабота, еден од најважните денови во христијанскиот календар, кој доаѓа по Велики петок, денот на Христовото страдање. Оваа сабота се смета за време на длабока тишина и молитвена смиреност, бидејќи, според верувањата, Исус Христос тој ден останал во подземниот свет, носејќи ја надежта за воскресение.

Се одбележува со длабока почит и тишина, бидејќи се верува дека на тој ден Исус Христос бил физички во гробот, духовно во адот, а во исто време на престолот со Отецот и Светиот Дух.

Велика Сабота е крајот на празничноста на саботата, оттогаш престанува саботата да биде основниот празник, бидејќи потоа ќе се празнува неделата – денот на Воскресението и спасението, денот на христијанството и на новата ера, денот по Христа.

Денес одбележуваме три вашни настани: упокоението и престојот на Христа во гробот, чувањето на гробот со стража и Христовото слегување во адот (пеколот) и отворање на рајот.

Повеќе во Видеото.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here