Архимандритот Доситеј му подари велигденски јајца на градоначалникот на Дебар

Date:

Share post:

Во духот на традицијата на меѓуверска почит, архимандритот Доситеј, со благослов на епископот Антаниски Партениј, денес нашиот собрат, архимандритот Доситеј, ги посетил пријателите и сограѓани од Дебар, носејќи им велигденско јајце – симбол на животот, победата и надежта што Христовото Воскресение ја дарува на светот.

Архимандритот Доситеј остварил средба и со градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, при што биле разменети честитки и искрени желби за мир, здравје и напредок на сите жители на градот.

-Оваа посета уште еднаш го потврдува духот на взаемна почит, разбирање и добрососедство што со векови се негува во Дебар – град во кој различностите не се пречка, туку богатство, а заедништвото е темел на соживотот. Во тие вредности, кои се длабоко вкоренети во нашата традиција, се огледа вистинската сила на заедницата и надежта за иднината. Нека радоста на Воскресението Христово ги исполни срцата на сите луѓе со љубов, мир и добрина. Христос Воскресе!, велат од Бигорски.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img