Со Света Архиерејска Литургија и Молебен ќе започне новата студиска година на Православниот богословски факултет

Date:

Share post:

Со Света Архиерејска Божествена Литургија и Молебен за почеток на новата студиска година ќе започне академската 2026/2027 година на Православниот богословски факултет во Скопје.

Богослужбата ќе се одржи на 30 септември 2026 година, во 8:30 часот, во храмот „Свети Јован Крстител“ во Капиштец, Скопје.

По Светата Архиерејска Литургија ќе биде отслужен Молебен за почеток на новата студиска година и призив на Светиот Дух.

Според најавата на Факултетот, присуството на богослужбата е задолжително за новозапишаните студенти од генерацијата 2026/2027, за студентите од сите студиски години, како и за професорите и асистентите.

Редовната настава за новата студиска година ќе започне на 1 октомври 2026 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img