Со молитвен помен во Бигорскиот манастир беа одбележани две години од упокојувањето на поранешниот дебарско-кичевски митрополит Тимотеј, кој почина на 25 ноември 2024 година.
Како што соопшти Бигорскиот манастир, монашкото братство денеска отслужило молитвен спомен за покојниот митрополит, со благослов на епископот Антаниски Партениј.
Од манастирот посочуваат дека митрополитот Тимотеј, во текот на своето долгогодишно архипастирско служење, оставил длабока трага во животот на Македонската православна црква, а особено во историјата на Бигорската обител.
Во објавата, монашкото братство изразува благодарност за придонесот на Тимотеј во развојот на манастирските обители, за поддршката на монашкиот живот и за грижата кон верниците во епархијата со која раководеше.
„Нека му биде споменот вечен и блажен“, објави Бигорскиот манастир.





