Митрополитот Георгиј присуствувал на доделувањето на почесниот докторат на Вартоломеј во Рим

Date:

Share post:

Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј присуствувал на свеченоста на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ во Рим, на која на Вселенскиот патријарх Вартоломеј му беше доделен почесен докторат по теологија. Истиот ден, 23 октомври, двајцата оствариле и средба во рамките на престојот на патријархот во италијанската престолнина.

Почесниот докторат на Вартоломеј му беше доделен по повод свеченото отворање на академската 2026/2027 година на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“, познат и како Ангеликум.

Свеченоста била поврзана со конференцијата организирана од Институтот за екуменски студии „Оекуменикум“, посветена на десетгодишнината од Светиот и Велик собор на Православната црква, одржан на Крит во 2016 година.

Во своето обраќање, насловено „Соборност и општење во Црквата“, Вартоломеј ја истакнал важноста на соборноста, црковното единство и дијалогот меѓу христијанските цркви. Тој нагласил дека единството не може да се гради во изолација, туку бара средби, разговори и заемно разбирање.

„Единството бара средба“, порачал Вселенскиот патријарх, говорејќи за потребата од продолжување на теолошкиот дијалог и зајакнување на црковното општење.

Во рамките на истиот престој во Рим, на 23 октомври, митрополитот дебарско-кичевски Георгиј остварил средба со Вартоломеј. За средбата информираше Дебарско-кичевската епархија на својата официјална интернет-страница.

„Средбата претставуваше можност за лична средба и разговор, а во духот на евангелската љубов и взаемното почитување“, соопшти Епархијата

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img