Мицкоски, Сиљановска и Муцунски ја посетуваа Турција, но досега не се сретнаа со Вартоломеј: Дали Македонија ја напушта досегашната црковна дипломатија?

Date:

Share post:

Посетите на македонскиот државен врв на Турција досега беа можност и за воспоставување контакти со Вселенската патријаршија во мандатот на актуелната власт, меѓутоа, во јавно објавените агенди и извештаи не се појави потврда за таква средба. Во исто време, Бугарија покажува дека политичкиот дијалог со Вартоломеј може да биде дел од поширокото приближување меѓу државата и Вселенската патријаршија.

Посетата на Турција за македонските државни функционери традиционално не е само можност за разговори со турскиот политички врв. Истанбул е и седиштето на Вселенската патријаршија, а средбата со патријархот Вартоломеј со години претставуваше дел од поширокиот дипломатски контекст во кој македонските претседатели и високи државни претставници ги остваруваа своите контакти во Турција.

Токму затоа, серијата посети на актуелниот државен врв на Турција, без досега јавно потврдена средба со Вартоломеј, отвора прашање за промената на приоритетите на државните власти кон македонските црковни интереси и црковната дипломатија.

Премиерот Христијан Мицкоски во февруари 2025 година беше во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а во јуни 2026 година повторно престојуваше во градот, каде што се сретна со Ердоган. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во април 2026 година оствари средба со турскиот претседател во Истанбул и учествуваше на Дипломатскиот форум во Анталија. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, пак, повеќепати ја посетуваше Турција во рамките на регионални дипломатски иницијативи, меѓу кои и Балканската платформа за мир.

Во јавно достапните извештаи за овие посети не е објавена средба на тројцата со вселенскиот патријарх.

Историјата на контактите покажува дека средбите со Вартоломеј не биле резервирани само за една политичка гарнитура.

Првите контакти со Вселенската патријаршија за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА датираат уште од раните деветсети години. Најсериозните чекори ги прави владата на Љубчо Георгиевски, а Борис Трајковски е првиот претседател, кој иако протестант, активно помага во процесот.

Потоа речиси секоја влада, на Црвенковски, на Бучковски, на Груевски, на Заев, Спасовски, Ковачевски воспоставува практика пи посетите во Турција да бидат организирани и средби со Вселенската патријаршија.

Тој тренд го следат и носителите на функцијата Претседател на државата, а межу нив Ѓорге Иванов е претседателот со најмногу средби со Вартоломеј.

Истиот политичко-цковнодипломатски гест го прават и Претседателите на Собранието на државата. Во една прилка Трајко Вељановски веше во Турција и кај Вартоломеј со поголема група пратеници во Собранието.

Што значи отсуството на македонска средба?

Македонија е држава во која православието има значајно место во историскиот и општествениот идентитет. Односите со Вселенската патријаршија затоа не се само прашање на религиозна почит, туку и дел од пошироката дипломатска реалност на православниот свет.

Во таков контекст, посетите на Турција без јавна потврда за средба со Вартоломеј неизбежно отвораат прашања. Дали станува збор за свесна одлука на актуелната власт? Дали црковното прашање повеќе не се третира како тема што треба да биде дел од контактите со турскиот и црковниот врв?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img