Митрополит Пимен го посети исламскиот центар на Албанците од Македонија во Осло, одржа и духовно предавање за верниците на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Митрополитот Европски Пимен оствари средба со македонскиот амбасадор во Норвешка, Дритон Кучи, а потоа го посети и џамијата и исламскиот центар на Албанците од Македонија во Осло, каде што разговараше со претставници на исламската верска заедница.

На средбата во Амбасадата во Осло биле разменети мислења за значењето на духовното поврзување на македонските иселеници и можностите за унапредување на соработката во интерес на македонската заедница во Норвешка.

По посетата на амбасадата, митрополитот Пимен, заедно со архиерејскиот заменик, протопрезвитер-ставрофор Блажо Кожарски, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Оливера Трајковска, и претставници на Македонската православна црква во Норвешка, го посетил исламскиот центар на Албанците од Македонија во Осло.

„Различностите нè збогатуваат, а верата, почитта и љубовта кон ближниот нè обединуваат“, се наведува во пораката на Европската епархија, со повик ваквите средби да придонесат за продлабочување на пријателството, братството и мирот меѓу луѓето и верските заедници.

Од Европската епархија ја истакнуваат важноста на меѓуверскиот и меѓукултурниот дијалог, заемното почитување и соработката меѓу верските заедници. Средбата е во контекст на градењето пријателски односи и зачувувањето на духовниот идентитет на македонските иселеници.

Гостите биле пречекани од претседателот на џамијата, Фатмир Шабани, претставникот на Исламската верска заедница, Фарук Терзиќ, и имамот Берат Хешани. Во текот на посетата, македонската делегација имала можност да се запознае со работата и искуствата на исламскиот центар, кој веќе три децении претставува духовно и заедничко собиралиште за верниците.

Македонската православна црква во Норвешка пак е основана пред три години и претставува духовен дом за православните верници од македонската заедница во земјата. Пимен претходно имаше предавање за духовнсота пред членовите на македонската црковна заедница во Ослов, каде зборуваше за значењето на Светата Литургија и Светата Причест во животот на православните христијани.

Во своето духовно слово, митрополитот Пимен ја истакна Литургијата како темел на духовниот живот, место на заедништво со Бога и со ближните. Посебен акцент беше ставен на Светата Причест, преку која верниците се соединуваат со Христос и ја зацврстуваат својата вера.

Настанот беше можност за духовно охрабрување и потсетување дека Литургијата не е само дел од црковниот живот, туку негово средиште и основа на христијанското живеење.

На овој настан присуствувааОливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, и Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеници

Од Европската епархија посочуваат дека искуството на двете верски заедници ја нагласува важноста на организираниот верски живот и на градењето мостови на разбирање во мултикултурното норвешко општество.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img