Брдеј парти

Date:

Share post:

Се разгласи во етерот веста за одењето на црквена делегација на МПЦ во Русија со цел присуство на некој голем црквен настан. Да ти бил тоа роденден на Кирил, серускиот патријарх. Добро, дилема je дали световен роденден треба да е причина за толкава помпа, алу у реду – јубилеј е, пуни човекот 80 лета, нека е жив и здрав. И анализата нема цел да критикуе или да куди една одлука да оди некој од кај нас во Москва. За поздрав е што конечно се покажуе иницијатива за некаква политика, за понесување одговорност… Дали е одговорна одговорноста – за друго писание.

Но има потреба да отвори неколку дилеми:

Пишува: A.E.

Вероватно во задкулисите веќе се знае кој се двојката новопрокламирани church пратеници, а зошто тие исто така не е баш случајно. Сигурно имаат дипломатско педигре, барем еден од нив и сигурно се избрани зашо одсекогаш одржуеле блиски врски со руските дипломати во Македонија, па и нована екселенција наредена со чинови беше брзо сега на поклонување во манастирот, али ова е разбирливо, имаш играчи за со секого. Додатно тежи на мисла шпекулацијата дека ова е исто така и низ координација со еден поранешен претседателски кабинет и неговите административци. Додека сме овде, текстот на Религија.мк разјаснува како додатен аргумент и зашто други, а не ПетриЧ на кого вака му е одузета приликата за поправен испит во Русија овајпат официјално пратен, од како се прошета пред некој месец по лична желба. Празна е биографијата на претседателот на надворешната комисија, шо да се праи.

фото: Пресс-служба Патриарха Московского и всея Руси

Друго, Религија.мк во еден пасос објаснуе, затоа со внимание се чита да се сфатат пораките, дека оправдание за одењето во Русија на роденден кај Кирил кој благосиља војна, одредува рај за загинати војници кој загинуваат во туѓа држава која сакаат да ја освојат како дел од идеологијата за „руски мир“, кој јавно приповеда дека нуклераките им се благословени од светителот Серафим, кој еднаш не е рекол дека војната е зло и треба да запре, не сочуствувал со цивили, кој руши црквени поредок, кој… се забега со набројувањево – значи аргументот за одење на ден рождениј в Расиској Федерации е „исклучиво од црковен карактер“. Зашто? Затоа што РПЦ не призна како МПЦ, па се одолжуваме, не можеме да ги одбиеме? Правиме дипломатија, не е убаво да вртиме грб? По истиов аршин правиме дипломатија и со Васељенска, така? Не се оградуваме јавно со саопштење од ПетриЧ што лупета по телевизии, Гришка што пишува нешто марсовско што и сам не може да го прочита, ама затоа на брдеј парти ќе одиме? Извините, ама за несфаќање е… Еве, посериозно да се замислиме – каква црковна корист за МПЦ? Ќе бидеме видени или занесот е дека ќе бидеме присутни како аутокефална црква заедно со сите други, прв пат у наша понова историја? Таму каде шо некој така не „признава“? Ќе има официјални средби, со кого, и добро, што на тие средби ќе се каже за МПЦ: дека сме аутокефални ама не знаеме зашто сите не ни го спомнуваат Архипископот, дека чекаме Томос ама и имаме томос, дека ние си се викаме МПЦ ама и дека ок ни е кој како сака да не назива, дека Охридската архипископија е наша ама изгледа ќе ни ја лапнат Бугариве… ? Ќе се учествува во богослужење? И дали како МПЦ или као дел од СПЦ? Или можда охрабрува изјавата на Вартоломеј за мир со РПЦ во иднина и промоцијата на Бугарскиот како можен медијатор, па си рековме еве топли ветришта задуваа, ајде да подадеме лице и ние? Се слуша и Албанскиот ќе одел… Да, ама Албанскиот и Бугарскиот беа прво кај Васељенски, испочитуваа ред и поредок, се сретнаа неколку пати во разни околности… Ние од 2023 немаме никаква иницијатива кон Босфор. Има, ама неисквачени.  Да не испадне на крајот само да бидеме броени дека сме биле таму, па белјата да е поголема, да сме во кал повише од што сме. Се некако иде на тоа дека ако ја биде работава ќе ја биде да сме ПЦСМ и Охрид ќе биде решен така што на нас современиот, на Бугарите древниот. Како во Преспон симфонија со антиката…. Ама важно продава некој од МПЦ наивност, не дека е по првпут. Вероватно гледаат како други залутани од Црквите идат, ама на тие им фрчат рубљи. Можда и кај нас, кој знае.

Се информира дека патувањето е „во координација со институциите на државната власт“. Ок, координација и требало да има. Но ја познаваат чинителите на државната власт осетливоста и суштината на црковното прашање, одтаму и на ова патување? Само слушале и климале што имал да им аргументира секретарот од Црквата? Еве, да им помогнеме: не сфаќаат дека на овој начин се дава лигитимитет на личноста на Кирил, кој во православниот свет, во Европската заедница важи за лице на режимот кој оправдува убивање? Да се одзвеш на покана на таков човек ако не значи подршка и легитимност на тоа што таа индивидуа го збори и прави, што е? Во време кога отвореноста на руската држава и дипломатија кон надвор е ограничена, каков сигнал се праќа со одењето таму? Какви се проценките за багажот на државата од оваа екскурзија во однос на НАТО чланство и ЕУ декларативниот приступ кон руската политика, а РПЦ е оценета као дел од апаратот на диктатурата.  Се прашува, се поставуваат дилеми, во смисла дали доволно се мисли пред одлуките и при координациите. А и види богати, па никогаш не чувме ни видовме да се координирате со државава околу запетите односи со Цариград.

Се решило да се оди, нека е со среќа патот, добро е што не се поминува преку Украина, со која нејќеме да служиме, да не налутиме руски медвед, а и зашо не сме сигурни за нивна исправна црвеност (!?) Па верувам транспарентно ќе се каже како поминавте и што за црквениот ни карактер добро ќе се донесе. Барем дали ќе има добар кавијар, бефстроганов и борш, белуга и медовика.

П.С. Ако се има можност за срешта со комрад Кирил, а гарант ќе се читаат поздравленија со дњем ангела, добро е да биде потсетен во честитката за континуираното кредо на Православљето за војната, за тоа што одсекогаш Црквата го приповедала: „Црквата Христова општо ја осудува војната која ја смета за нус појава на злото и гревот во светот…Секоја воја претставува закана за уништување на созданието и животот. Тоа посебно важи кога станува збор за војни во кои се употребува оружје за масовно уништување… Црквата Христова, сметајќи ја војната пред сѐ како производ на гревот и злото во светот, ја охрабрува секоја иницијатива и настојување истата да се предвиди и да се предупреди со помош на дијалогот и секое друго прикладно средство. Во случај кога војната ќе стане неизбежна, Црквата продолжува да се грижи и моли за своите деца кои се дел од воените судири…, вложувајќи секаков напор за што поскоро воспоставување на мирот и слободата. Православната Црква силно ги осудива… исто така и војните инспирирани од национализмот, кои предизвикуваат етнички чистења, менување на државните граници и заземање територии“ („Мисијата на Православната Црква во современиот свет“, Свет и Велик Собор на Крит)

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img