Митрополитот кумановско-осоговски Григориј го прослави својот именден со Света литургија во соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово, на денот кога Православната црква го чествува светиот Григориј Палама – 27 ноември.
На литургијата сослужуваа архимандритите Иринеј и Фотиј, игумените Мојсеј и Авакум, јеромонах Атанасиј, протосингел Висарион, јероѓакон Јаков и ѓакон Христијан Мишевски.
На богослужбата присуствуваа верници, кои се причестија со Светите Христови Тајни, споделувајќи го со митрополитот Григориј празнувањето на неговиот именден.





