Ватопед го носи Чесниот Крст во Србија: Српската црква гради мостови кон Фанар

Date:

Share post:

Продолжува интензивната духовна соработка меѓу Православната црква на Србија и светогорскиот манастир Ватопед, кој се наоѓа под директна канонска јурисдикција на Вселенската патријаршија. По неодамнешното принесување на Светиот појас на Пресвета Богородица во Србија, најавено е дека во Белград наскоро ќе пристигне и дел од Чесниот и Животворен Крст Господов.

На 23 октомври 2026 година, српскиот патријарх Порфириј и игуменот на светогорскиот манастир Ватопед, архимандрит Ефрем, одржаа заедничка онлајн духовна средба, која беше пренесувана преку Pemptousia TV и дигиталните медиуми на Институтот „Свети Максим“.

Главна тема на разговорот беше неодамнешниот престој на Светиот појас на Пресвета Богородица во Србија, на кој, според известувањето на грчката агенција Orthodoxia News Agency, му се поклониле повеќе од еден милион верници.

За време на разговорот беше соопштено дека дел од Чесниот Крст, кој со векови се чува во Ватопед и историски потекнува од Србија, наскоро повторно ќе биде принесен во Белград.

Патријархот Порфириј истакна дека Српската патријаршија веќе започнала постапка пристигнувањето на Светиот појас да биде востановено како посебен празник, кој би се одбележувал секоја година на 20 мај со сеноќно бдение.

Тој зборуваше и за сведоштвата на верниците кои, по поклонението пред оваа светиња, пријавиле чудесни исцелувања и други духовни искуства.

/crkovenzurnal.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img