Јеромонахот Игнатиј (Каракашев) е ракопроизведен во игуменски чин при осветувањето на манастирскиот храм „Свети пророк Илија“ – Чардак, во скопското село Мирковци. Чинот го изврши архиепископот Стефан за време на литургијата на 31 октомври.
Осветувањето на манастирскиот храм го предводеше архиепископот охридски и македонски Стефан, во сослужение со свештенослужители од Скопската епархија.
Пред почетокот на литургијата, во чин чтец беше ракопроизведен и Петар Христов.
На крајот од богослужбата, архиепископот Стефан му го додели одличјето „Архиепископ Доситеј“ на Горан Стојановски, како признание за неговиот придонес во обновувањето на манастирското светилиште.

