Епископот Марко ја одбележа манастирската слава во „Св. Прохор Пчински“

Date:

Share post:

Епископот Делчевско-каменички Марко служеше архијерејска литургија во манастирот „Св. Прохор Пчински“ во Србија, каде што на 1 ноември беше одбележана манастирската слава.

Епископот Марко богослужеше на покана на митрополитот Врањски Пахомиј од Српската православна црква, кој беше домаќин на прославата. На литургијата сослужуваа свештеници и монаси од Врањската и Делчевско-каменичката епархија, како и свештенослужители од други епархии.

Во текот на литургијата, митрополитот Пахомиј одржа беседа во која го протолкува прочитаното евангелие, говорејќи за неговите духовни пораки и за местото на манастирот „Св. Прохор Пчински“ во духовниот живот на верниците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img