Почетна Коментар И на живи сведоци руската црковна пропаганда фалсификува настани од пред една година
И на живи сведоци руската црковна пропаганда фалсификува настани од пред една година

И на живи сведоци руската црковна пропаганда фалсификува настани од пред една година

3.62K
2

Секој сериозен истражувач на црковната политика и историја во денешно време со право се прашува за веродостојноста на официјалниот руски наратив за црковните настани од подалечното, но и од поблиското минатото.

Скептицизмот произлегува од непрекинатите обиди на исполитизираниот руски новинарски мејнстрим да фалсификува и первертира податоци и настани, не само од минатото, туку, што е уште потрагично, и од сегашноста.

Овој коментар е поттикнат од скорешното дезинформирање од страна на „Сојузот на православни журналисти“ во Русија, кои во еден свој скорешен напис, известувајќи за изјавата на митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, направија краток преглед на последните значајни настани поврзани со МПЦ-ОА, односно со нејзиното прифаќање во канонско единство и доделувањето на српскиот томос.

Во сето ова, и покрај обилен пристап до информации, тие тенденциозно го искривија редоследот на двата клучни настани: прифаќањето на МПЦ-ОА во канонско единство од страна на Вселенската Патријаршија и доделувањето на томосот од СПЦ.

Во нивниот текст се тврди дека прво било врачувањето на томосот за автокефалност на Архиепископот Стефан од страна на патријархот Порфириј на 5 јуни 2022 година, а потоа, на 10 јуни, уследило прифаќањето на МПЦ-ОА во канонско и литургиско единство од страна на Вселенската Патријаршија.

Всушност, вистинскиот редослед е обратен: прво Синодот на Константинопол излезе со официјално соопштение на 9 мај 2022 година дека ја прифаќа Охридската архиепископија во канонско единство, а потоа реагираше СПЦ со т.н. Томос, и тоа намерно неколку дена пред историското сослужување на Архиепископот Стефан и другите наши архиереи со Вселенскиот Патријарх и со јерархијата на правиот престол во православието, со цел да го минираат започнатиот процес.

За среќа, во тие моменти архиепископот Стефан покажа умешност во балансирањето и изјави дека очекува легитимен Томос од Цариград. Некој можеби ќе се запраша зошто се битни датумите и разликите од неколку дена. Тие се значајни, и тоа многу. Да не беше иницијативата на Вселенската Патријаршија и нејзините конкретни чекори, српските архиереи сè уште ќе гледаа кон МПЦ-ОА со студенило и надменост, продолжувајќи да ја нарекуваат „расколничка организација“, како што го правеа тоа во изминатите седум децении.

(Текстот е од анинимен читател на Религија.мк, редакцијата го објавува интегрално без какви било интервенции)

Коментар(2)

  1. Платениците на CIA и внатре и надвор, не кожат мирно да спијат. Демек И’ дишат во врат на Руската Православна Црква, а Бога ми и на Македонската. Нормално е, тие што немаат страв Божји најпосле се плашат од се’ и секого. Тоа се т.н. прагматични луѓе, коишто духот на ефтината светска политика би сакале да го внушат во сето Православие, за да го завладеат. Но не можат. Се’ што тие завладеале престанало да биде Православие, значи залудни се сите нивни усилби, напори, сплетки, спинови. Православието е живот. Неговата Глава, Извор, Корен е Самиот Бог. Бог не можеш да Го убиеш. Ниту Светиот Дух да Го фалсификуваш.

  2. ŠTO E OVA?
    Prava i agresivna slovenofobija. Zarem od Slovenstvoto treba da se plaši me?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *