Почетна Вести Христијанство МПЦ-ОА отвори свој интернет портал
МПЦ-ОА отвори свој интернет портал

МПЦ-ОА отвори свој интернет портал

1.01K
1

Литургија.мк е интернет порталот што МПЦ-ОА го регистрирала како црковен информативен портал. Веќе е активен на интернет просторот, а меѓу информациите објавени е и најава за интервју со Архиепископот Стефан.

Во описот на активности на порталот пипува дека ќе известува за црковните и општествените настани во Македонија и светот, ќе објавува компетентни и врамнотежени анализи на црковните состојби, ќе поучува за христијанството во неговиот целосен теоретско-практичен опсег.

Како регистрант на доменинот liturgija.mk се јавува МПЦ-ОА, а лице за контакт е Архимандритот Иринеј Стефановски, кој пред некоја година ја напушти ПОА и се врати во МПЦ-ОА. Седиштето на порталот според регистрацијата е во зградата на Архиепископијата во Скопје. Домеинот е валиден од 21.12.2023 година, иако бил регистриран прв пат  на 26.03.2021, а на 12.10.2021 биле извршени промени во регистрацијата.

Порталот има импресум и редакција составена од 14 лица, речиси сите активно вклучени во МПЦ-ОА и една новинарка. Главен уредник на порталот е Антониј Петрушевски од Кумановско-осоговската епархија, десна рака на владиката Григориј. Во редакцијата членоваат свештеници и теолози од повеќето епархии, Скопска, Кумановско-Осоговска, Тетовско-Гостиварска, Повардарска, Струмичка…

Плурализмот на религиско-медиумскиот простор е добра надеж за развојот на демократските вредности на едно општество и добра можност за информација повеќе. Религија.мк му посакува успешна работа на новиот интернет портал, иако меѓу „новинарите“ од редакцијата се и двајца редовни жестоки коментатори, честопати со навредливи содржини кон Религија.мк, Дејан Апостоловски од Кумановско-осоговската и Влатко Стојменов од Повардарската епархија.

На МПЦ-ОА и е потребен медиум преку кој ќе комуницира со јавноста и за тоа религија.мк многупати повикувала. Дали литургија.мк, ќе го опрвада овој предизвик ќе покаже времето.

Дел од содржините веќе објавени на сајтот, со доминанти проруски ставови, укажуваат и на една друга цел, но да не се биде скептичен на стартот и да се даде шанса на слободата на изразување.

За успехот на овој портал е важно ако тој стане медиум за сите, а не за поединци. Колегите од редакцијата веројатно знаат дека напишаното на страниците од овој сајт ќе се чита како ставови и позиции на МПЦ-ОА, овде, а особено надвор, бидејќи основачкиот потпис, а веројатно и финансиите, се од МПЦ-ОА.

Со среќа…

Коментар(1)

  1. Коначно да из Македоније имамо праве вести!!! Свска част МПЦ-ОА!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *