Почетна Вести Христијанство Владиката Тимотеј откри што бара Вселенската патријаршија од МПЦ-ОА: Украинската црква е причината за застој на нашата целосна автокефалност
Владиката Тимотеј откри што бара Вселенската патријаршија од МПЦ-ОА: Украинската црква е причината за застој на нашата целосна автокефалност

Владиката Тимотеј откри што бара Вселенската патријаршија од МПЦ-ОА: Украинската црква е причината за застој на нашата целосна автокефалност

4.57K
0

Украинската православна црква, која е признаена од Вселенската патријаршија и од уште од три грчки православни цркви, е главната пречка за застој на преговорите меѓу Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Вселенската патријаршија (ВП) за добивање официјален томос за автокефалност на нашата црква.

Ова во изјава за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма по првпат го откри г. Тимотеј, надлежен за Дебарско-кичевската епархија, а воедно и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, на прашање каде заглавил процесот за добивање на најавениот томос за автокефалност од Вселенската патријаршија, со оглед дека поминале две години откако Српската православна црква ни издала томос, а Вселенската патријаршија канонски ја прифатила нашата црква.

„Договори, преговори и разговори не се прекратени со Вселенската патријаршија. Има некои прашања кои од канонски аспект во овој момент не можеме да го прифатиме, а тие инсистираат на нешто што според нас и според каноните е неприфатливо. И затоа во овој момент тие преговори и посети се можеби во една стагнација. Но, во непосредна близина ќе имаме гости од Вселенската патријаршија и од Грчката црква“, рече владиката Тимотеј.

Според г. Тимотеј, Украинската православна црква е главна причина на застој на добивање на томосот на МПЦ-ОА од Вселенската патријаршија. Сепак, тој не сакаше да ги прецизира деталите зошто е тоа така.

„Украинската православна црква е неканонска црква. Хиротонисани се без благодатна“, изјави г. Тимотеј.

Како да се дојде до решение со кое МПЦ-ОА ќе дојде до целосно призната автокефалност, според новинарите Марјан Николовски и Бранко Ѓорѓевски, познавачи на состојбите во православието, нема дилеми дека патот води токму преку Цариград.

Синодот на МПЦ-ОА на редовна седница во март 2023 година одлучил да не се сослужува со јерархијата на Православната црква во Украина до конечно решавање на нејзиниот статус во полнотата на православието.

Истата одлука е потврдена и на синодска седница во полн состав.

Според новинарот Марјан Николовски, уредник на Религија.мк, со изјавата за прашањето за Украина, владиката Тимотеј тргнал голем дел од маглата која ја сеат другите владици, дека Вселенската патријаршија нè уценува со ерга омнес, како и дека ќе ни ги земат црквите во дијаспората.

„Владиката Тимотеј коректно кажа каде е главниот проблем, но не кажа зошто е тој главен проблем. Проблемот не е во признавањето од наша страна на Украинската православна црква, туку во одлуката што ја донесе потесниот состав на Синодот од тројца членови, како архиепископот Стефан и владиците Петар и Тимотеј, кои донесоа одлука МПЦ-ОА да ја признае Украинската црква кога сите цркви ќе ја признаат, односно кога и Руската црква ќе ја признае, а тоа значи никогаш“, вели Николовски.

Според него, тој став на Синодот на МПЦ-ОА и таа позиција за Вселенската патријаршија е прилично ригидна, со оглед дека МПЦ-ОА бара од ВП да излезе на правиот пат и томос за автокефалност.

„Благодарение на Вселенската патријаршија ние сме канонска црква. Ако ВП ја извадила МПЦ од шизма, тогаш ВП има право и да ја извади и Украинската црква. Не може г. Тимотеј да каже дека тие таму владици се наконски зашто биле во шизма, а овие тука владици дека не се во шизма. ВП во моментот бара промена на ставот на одлуката на Синодот на МПЦ, односно таа да не биде толку ригорозна. Им вели ‘дајте најдете некоја поублажена форма за ова прашање‘. Бугарската црква за ова прашање направи друга форма на одлука, дека ќе формираат комисија, ќе разгледаат. Српската православна црква (СПЦ), пак, ги повикува двете цркви, како ВП и Руската православна црква со братска љубов, да го решат канонското прашање на Украина. Значи, ние го погазуваме нашиот црковен однос. Прашањето е како Синодот во МПЦ да ја промени таа тврда одлука за ова прашање“, изјави Николовски.

Вели дека сите знаат кој го барал тоа од нас, а токму тоа, според Николовски, е руското влијание.

„Таа одлука е донесена под директен налог на Руската православна црква“, вели тој.

Според него, во моментов МПЦ-ОА е де факто автокефална црва во составот на СПЦ, а де јуре автономна црква во канонска јурисдикција на СПЦ.

Новинарот Бранко Ѓорѓевски, исто така познавач на состојбите во православието, вели дека за него било шокантно кога МПЦ донела одлука со таква содржина во однос на Украинската православна црква, а која била адресирана кон Вселенската патријаршија.

„Не знам која беше потребата на нашата црква до вчера во раскол, денеска признаена како црква без утврден статус, носи одлука дека нема да сослужува со Украинската православна црква. Немаше никаква потреба од носење таква одлука во овој редослед на сите случувања, смета тој.

Ѓорѓевски смета дека овие случувања водат кон помисла дека може тој договор што МПЦ го постигнала со СПЦ има и свој анекс во договорот, кој води во насока ‘да, еве ние ќе се согласиме со ваша навтокефалност, ќе издадеме и томос, но МПЦ ќе се стави во наша страна во контекст на судирот со ВП‘.

„Но, главниот судир е меѓу Москва и Цариград околу приматот на Вселенската патријаршија. Москва сака да го детронизира Вселенскиот патријарх во неговите ингеренции. Во тоа настојување се бараат сојузници. Ме плаши дека во Синодот на МПЦ има јадро кое смета дека Вселенскиот патријарх не треба да ги има ингеренции кои ги има сега. Значи, Вселенскиот патријарх може да издава томоси, за што е доказ Украинската православна црква. Но, очигледно е дека во Белград и Москва има ново сценарио, кое почнало да функционира и кое предизвика застој на тој наш пат на автокефалноста. Очигледно ние треба да се подготвиме во процес во кој со години ќе останеме без дефиниран статус. Томосот од Белград не е полноважен томос, не треба да се залажуваме“, вели Ѓорѓевски.

Владиката Кирил, воедно и еден од повлијателните владици во Вселенската патријаршија во октомври минатата година беше неколку дена беше во официјална посета на МПЦ и се сретна со г. Тимотеј.

Една од главните теми на разговор меѓу нив била желбата за што поскоро добивање на томосот за автокефалноста од Вселенската патријаршија и со тоа официјално признавање на МПЦ-ОА.

Во мај 2022 година сосема неочекувано дојде помирување меѓу Белград и Скопје. Но, работата со автокефалноста на МПЦ остана недовршена, црквата е примена во канонско единство, но е призната за автокефална од само четири цркви, покрај Српската, и од Руската, Бугарската и Романската.

/360 степени

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *