Почетна Галерија ГАЛЕРИЈА: Јосиф и Пимен на служби во Словенија

ГАЛЕРИЈА: Јосиф и Пимен на служби во Словенија

366
0

Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф, на покана од Митрополитот Пимен е во неколку дневна канонска посета на Европската епархија со која раководи Владиката Пимен.

Двајцата митрополити, на 27.февруари2016 година, на денот кога Црквата го одбележува празникот Упокоение на св. Кирил Солунски, служеле Света Златоустова литургија во храмот „Св. Климент Охридски“ – Љубљана.

Во сослужувањето ги придружувале свештеници од Гостиварското намесништво при Тетовско-гостиварската епархија протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Трпе Богојески и парохискиот свештеник од Љубљана ереј Митко Газинкоски.

На литиргијата Митрополитот Европски г. Пимен ги ракопроизведе во чин штец Лјупчо Тошески и Миланчо Најденоски.

На литургијата присуствувале голем број верници на МПЦ во Словенија.

Истиот ден попладнето била отслужена Воскресна вечерна богослужба во храмот „Св. Троица“ во Крањ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *