Почетна Вести Игуменот Гаврил пречекан во Австралија
Игуменот Гаврил пречекан во Австралија

Игуменот Гаврил пречекан во Австралија

413
0

Архимандритот Гаврил, по едномесечниот престој во Македонија се врати во Австралија меѓу своите духовни чеда. Македонците, кои со нетрпение го чекаа неговото враќање, организирале дочек на аеродромот Туламарин во Мелбурн, пишува интернет порталот „Фаланга“.

Отец Гаврил во моментов е  најпочитуваниот свештеник на МПЦ во Австралија.  Веднаш по враќањето во Австралија, Гаврил се враќа и на редовниот литургиски живот. За утре, недела, закажана е утринска утринска литургија во Македонската Православна црква ­ „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиднам.

Инаку, за време на посетата на Гаврил на Македонија, тој доби силна поддршка од сите архиереи на МПЦ. Деновите во Македонија ги помина во сослужување со владиците и монасите на МПЦ, како и со средби со своите собраќа духовници.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *