Албанскиот амбасадор на вечера со владиката Наум – не штедеше пофални зборви за македонскиот архијереј

Date:

Share post:

„Ретка личност; ерудит, со длабоко познавање на историјата и јазиците, со разновиден живот исполнет со достигнувања, позитивност и континуирана посветеност на заедницата. Личност која инспирира со смиреност, мудрост и толеранција“, вака албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мејдани, го опишува владиката Наум, со кого вечерва имал средба.

Амбасадорот на Албанија сподели и фотографија на Фејсбук, каде посочи дека разговарале за важноста на меѓуверскиот и меѓузаедничкиот дијалог, улогата на духовните институции во зајакнувањето на социјалната кохезија, како и за предизвиците на нашето време, каде што разбирањето, почитта и емпатијата се попотребни од кога било.

Амбасадорот на Албанија на Водици во Бигорски – 400 верници скокнаа во Радика по светиот крст

-Г-дин Наум останува пример за лидер кој гради мостови меѓу луѓето и заедниците, промовирајќи го соживотот и човечките вредности, напиша Мејдани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here