И годинава имаше масовно чествување на Водици на реката Радика. Осветувањето на водите и спуштањето на светиот крст го направи епископот Антаниски Партениј, со монасите од Бигорскиот манастир.
По традиционалната литија до реката, околу 400 верници скокнаа во Радика.
Честа да го извади крстот од Радика ја имаше дваесет и тригодишниот Милко Божиновски од Ростуше.
На свештенодејствието присуствуваше и амбасадорот на Република Албанија, Денион Мејдани. Тој на својот фејсбук профил сподели фотографии, потенцирајќи дека Богојавление не е само црковен, туку и длабоко човечки и заедничарски настан.
Меѓу гостите беа и Хари Локвенец и градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакуповски.








