Во црквата Свети великомаченик Георгиј во Кочани и годинава имаше лицитацдија на Богојавленски крст, но и на икони.
Верниците традиционално пред одржувањето на водосветот, лицитираат и купиваат овие верски предмети. Интересот и годинава беше голем.
За Богојавленскиот крст беше постигната цена од 21.000 денари. Ликоните се движеа од 3000 до 6000 денари.
Парите наменети од лицитацијата одат за храмот и за дои9зградба на останатите две цркви во Кочани.

