Почетна Вести Христијанство Мојаноски: Позитивно е што се работи на отворање на прашањето на МПЦ-ОА пред Вселенската патријаршија
Мојаноски: Позитивно е што се работи на отворање на прашањето на МПЦ-ОА пред Вселенската патријаршија

Мојаноски: Позитивно е што се работи на отворање на прашањето на МПЦ-ОА пред Вселенската патријаршија

142
0

Професорот Цане Мојаноски, кој е поранешен претседател на Комисијата за односи со верските заедници, позитивно го оценува обидот на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев за отворање на прашањето за статусот на Македонската православна црква пред Вселенската патријаршија.

– Стасусот на МПЦ нема да го реши ниту претседателот ниту премиерот, тоа е во надлежност на Вселенскиот патријарх. Она што треба да го направиме е да се обидеме тоа прашање да го отвориме, да го забрзаме неговото решавање. Во историјата на православието постојат бројни искуства што укажуваат дека световните власти покажувале интерес за решавање на црковни прашања. Така го гледам и односот на претседателот и на премиерот, рече Мојаноски.

Професот Мојаноски коментирајќи го обидот на македонските власти да покренат иницијатива за отворање на прашањето од потребата за признавање на МПЦ укажа и на изјава дадена од самиот Вселенски патријах Вартоломеј дека за организирање на православна црква треба да има и потреба во рамки на самата држава.

– Има значителен број држави во светот во кој живеат православни христијани, но тие држави не покажуваат интерес дека православните христијани треба да се организирани во посебна црква. Во тој контекст лично сметам дека односната активност на носителите на државните функции во земјата е постапка што демонстрираат нивен одговорен однос кон затворање на отворените прашања на патот на земјата кон ЕУ, рече Мојаноски.

За тоа колку може да трае решавањето на прашањето околу МПЦ, професорот Мојаноски појасни дека останува на самиот Вселенски патријарх, негово е правото да решава согласно начинот на кој го восприема светот.

– Таму важи принципот на едностарешинството, на почитувањето на најстариот – во случајот на првиот епископ кој по чин е еднаков со сите епископи, но прв по достоинство. Единствено тој има право да ги информира другите епископи односно другите цркви дека е формирана православна црква, истакна Мојаноски.

Истовремено тој укажа и на историските факти дека секоја црковна борба во православието за какви било прашања секогаш е зачинета со одредени политички интереси.

– Било која црковна борба, па и историјата на Охридската архиепископија, ќе видите значителен број историски искуства борби со Вселенската патријаршија, повторно последица на интересите, чија е таа црква, чиј епископ треба да раководи со неа, вели Мојаноски.

Поради тоа што македонските црковни власти како припадници на канонски непризнаена православна заедница немаат можност непосредно да општат со Вселенската патријаршија, треба да се најде соодветен субјект што треба да го информира Вселенскиот патријарх дека се создала нова црква, која живее според каноните на православието.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *