Почетна Вести Христијанство И владиците влегоа во предизборна кампања
И владиците влегоа во предизборна кампања

И владиците влегоа во предизборна кампања

444
0

Кумановско-осоговскиот митрополит Григориј на само шест часа пред изборниот молк, преку фејсзбук статус јавно зазема страна во изборниот процес, со што за прв пат ја втурна и МПЦ-ОА во една предизборна кампања.

Владиката Григориј во својот пост насловен „ЗА или ПРОТИВ Македонија“, јавно не ја споменува политичката партија за која повикува да се гласа, но од содржината на постот е сосема јасно за кого станува збор.

-Почитувани граѓани на државата Македонија, Излезете масовно на гласање! Вие имате право на изборите да го дадете својот глас за да го персонифицирате (олицетворите) или да ги вградите карактеристиките на разумниот политичар согласно на Вашите општествени и политички аспирации кон правната држава (владеењето на правото, наместо на поединците). Персонифицирајте политичар кој: ќе води неагресивна политика, ќе биде правичен, ќе ги застапува човековите права, кој ќе се спротивставува на психолошкиот геноцид врз Македонскиот народ, кој нема да дозволува тортура и авторитарен (диктаторски) стил на лидерство.  Почитуван народе на Македонија, Стоиме пред судницата во којашто ќе пресудуваме ЗА или ПРОТИВ Македонија! Секој Македонец треба да направи ретроспектива на изминатите години на владеењето на правото и за социо-економската состојба во којашто се наоѓа денес нашата држава Македонија. Ваквата анализа ќе помогне да се донесе правилна одлука. Почитувани верници на Македонската Православна Црква, Употребете го и правото дадено од Бога: „Дајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!” (Лк 20, 25). Нека е благословена Македонија! Христос Воскресна! Митрополит Кумановско‒осоговски, Григориј, стои во фејксбук статусот на владиката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *