Почетна Вести Патријархот Иринеј: На МПЦ и недостасува култура на дијалог
Патријархот Иринеј: На МПЦ и недостасува култура на дијалог

Патријархот Иринеј: На МПЦ и недостасува култура на дијалог

1.92K
4

Српскиот Патријарх Иринеј ја закопа надежта за возобновување на дијалогот меѓу Македонската и Српската православна црква. Една година подоцна, откако Вранишковски беше ослободен од затвор, СПЦ се уште го кочи дијалогот меѓу двете цркви.

Сега Иринеј разговорите ги условува со целосно прекинување на сите судски процеси против припадниците на Врниѓковски. Во последното интервју за Вечерње Новости, Иринеј ја обвинил МПЦ дека таа е онаа која го блокира процесот на разговори.

-Недостиг на култура на дијалог и добронамерност покажуваат оние што мислат дека со обвиненија, апсења и пресуди со предумисла ќе решат нешто. Се додека така се однесуваат, тие покажуваат дека не сакаат разговор туку судир. Ние трепеливо чекаме да дојдат до себе и се вратат на патот кој води кон разговор и договор, рекол Српскиот Патријарх.

По оваа изјава на Иринеј станува се поизвесно дека комисиите на двете цркви нема наскоро да седнат на заедничка маса и покрај договорот за кој гарантираше Руската православна црква.

Сепак, оваа не е некое изненадување кога станува збор за ставовите на СПЦ во поглед на ова прашање. Условувањето на почетокот на дијалгот, Владиците на СПЦ го направија уште за време на мајскиот Собор, кога побараа прекин на судските процеси против членови на ПОА.

Коментар(4)

  1. СПЦ не сака и не смее да ја признае МПЦ. Со поставувањето на паралелната ерархија во Македонија СПЦ го има решено црковното прашање во Македонија и понатаму нема да отстапи. Зошто? –па ако ја укине својата ПОА, таа ствара раскол во себеси . Ствара нов раскол, не го решава расколот кој настанал во повоениот период , кој го сметапериод на влкадеење на атеизмот, комунизмот за когосмета дека е имал за цел , со стварањето на МПЦ, да го разбие српството и СПЦ. СПЦ го има убедено целиот православен свет дека МПЦ е дело на комунистите, а тие повеќе ги нема, и не мора нивното дело да живее, како што повеке не постои КПЈ, Централен комитет, ССНО , Не постои СФРЈ , Социјалистички сојуз на работниот народ. Како што не важат одлуките на АВНОЈ и АСНОМ, така и не важат одлуките на Извршниот совет на Македонија за основање на Иницијативниот одбор за основање на Македонска Православна Црква. Крактеристично е дека тој став на СПЦ го уважуваат сите автокефални цркви и не сакаат да се замераат со СПЦ заради МПЦ. Тао се огледа и во постапките на Московскиот патријарх, за кого МПЦ, а особено кутриот владика Петар се надеваше дека ке посредува во полза на МПЦ. Тој не беше свесен дека гладната кокошка просо сонува. Ако Рускиот патријарх врши притисок на СПЦ да ја признае МПЦ, тогаш тој ќе мора да ги признае Украинската, Молдавската и Естонската црква кои се одвоени од Московската патријаршија., прво, а второ, па тој нема да си се земерува со СПЦ заради делото на комунистите,како сто му вели за МПЦ СПЦ, бидејки и Руската црква со комунистити има крвава минатост и искуство. Трето-Всаленската патријарчија под чие влијание е источниот блок на православните цркви , го дели, покрај своето мислење и мислењето на СПЦ, со која си имаат традиционално добри односи.Тоа значи да СПЦ не сака а посебно е прашањето што не смее да ја признае поради закана на Грчкото лоби , дека воколку ја признае ќе и го попречи стапот на Хиландар, Зејтинлик, Крф и Видо. кои имаат голема важност за српството и СПЦ. А тоа не е мала работа за СПЦ. А сега пак и политичкиот естабилишмент на Р. Србија нема и не смее да има никакво влијание на СПЦ по тоа прашање, туку само кокетира помеѓу владата на Р,Македонија и ЕУ. Така да долго време тоа прашање ке биде удостоено со молчење и ќе си иде како што си е. Од друга страна пак МПЦ нема кадар кој е способен да се осмели ниту да ,,допре до Цариградските тврдини,, , а камоли да ги затресе, или пак да некако, бар по пат на мито , продре в Цариград.

  2. Ako e zabelezeno deka Ohridskiot Arhiepiskop Lav “Kumuval” za frlenata sizma vo 1054 godina i raskolot vo hristijanskiot svet na pravoslavni crkvi i katolicka crkva so primat na Papata kako prv medju ednakvite biskupi so sediste vo Vatikan.
    Dali preostanatiot pravoslaven svet koj e predvoden od Carigradskata/vselenska patrijarsija i Ruskata crkva ‘mozat i da zamislat ili pomislat’sto moze da im se sluci ako i samo ako Makedoskata Pravoslavna Crkva – Ohridska Arhepiskopija utre po Sepravoslavniot sobir koj ce se odrzo na Krit namesto na Sveta Gora-Atos, resi a tie sekako ne mozat da ja sprecat da svojot pat go pobara na drugo mesto i namesto da gi priznae niv za ednakvi na sebe gi povika na edinstvo nepriznaetite pravoslavni crkvi i eparhiii da zaedno go baraat i resavaat svojot status i svoite svetovni prava po primerot na protestanskite crkvi prema katolickata crkva.

  3. Вук, ако Македонската црква се долучи на таков чекор, таа го губи статусот на православна, што всушност и сега до некаде таму се сврстува. Таа може да биде сосема радосно примена во таа групација, па всушност таа и сега припаѓа во тао тајфа. На пр. за време на погребот на
    патријархот Павле , додека од Мммакедонија лажниот архиепископ Јован чинодејствуваше со
    останатите православни претставници ГГ. Стефан беше зад една ограда каде беа сместени сите иноверни претставници , па можеше да се сабележат и неколку муслимански свештеници(оџи). Во таа група беше ГГ. Стефан ,оти изгледа тој таму отиде како не повикан, а немаше смисла да го враќаат и да му кажат дека не е пожелен на тој собир. Тоа истото се повтори и кога , изгледа секако не повикан , се појави и на инаугурацитата на новопоставениот патријарх , сегашниот Иринеј. Во таа прилика , овој лажниот, камуфлираниот во Охридски архиепископ, Јован , нон стоп се туркаше неизоставно да се најде од десната страна на Новоизбраниот патријарх , а до него истао така се наоѓаше фиктивниот претолонаследник на непостоечкиот престол , оној бе што незнае ниту да зборува српски, а важи за српски принц, престолонаследник ли не знам што.

  4. Од општа информираност,а и читајки ги горниве коментари изгледа останува старото правило дека не треба да се туркаш таму каде што си не пожелен.Знаши уште еднаш се преслушуваш каде и дали си згрешил и ако немаш грешка тогаш си продолжуваш по својот пат,а не упорно да тропаш на затворени врати.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *