Почетна Важно Неизвесен Вселенскиот собор во 2016
Неизвесен Вселенскиот собор во 2016

Неизвесен Вселенскиот собор во 2016

543
1

Недоразбирањата помеѓу Руската Православна Црква и Вселенската Патријаршија го ставаат под знак прашалник долгонајавуваниот и подготвуван севселенски собор за 2016 година.

Последната подготвителна седница на меѓуцрковните комисии, што на 16 декември се одржа во Атина – Грција поминала без конкретен договор.

Синодот на РПЦ, соопшти дека со жалење констатира оти не е постигнат договор меѓу Црковна Москва и Фанар за клучни прашања поврзани со подготовката на Вселенскиот Собор.
Претседателот на синодскиот оддел за надоврешни работи на Руската Православна Црква, Митрополитот Иларион Алфеев, уште во октомври најави дека подготовките за одржувањето на Вселенскиот Собор се далеку од завршна фаза, што пак го прави неизвесено и неговото одржување, а датумот на евентуалното одржување дополнително ќе се разговара.

Во Јануари 2016 година, во седиштетот на Вселенската Патријаршија, во Истанбул треба да се одржи средба на Поглаварите на помесните автокефални цркви, од која многу работи треба да бидат појасни.

Во меѓувреме, покрај различните позиции за многу прашања меѓу Руската Православна Црква и Вселенската Патријаршија, состојботе не стојат сјајно и меѓу Антиохиската и Ерусалимската Патријаршија, но и внатрешните проблеми на Православната Црква на Чешка и Словачка.

Коментар(1)

  1. Можно е на идниот вселенски собор да се донесат многу важни одлуки кои ќе имаат ефект како Одлуката за протерување на диви зајаци преку мост, а ќе имаат смисла како Сизифовата робота, кој савојата должност, која по казна му ја наложиле боговите Олимпјани, бадијава ја извршувал со пот и плукање на крв, туркајќи го големиот камен од дол на рид. Таман ќе го истурка при врвот на ридот, уморен ќе седне малку да здивне, а каменот ќе му побегне право в долот и тој пак се од почеток и никако да го истурка на врвот на ридот. и никако да ја заврси задачата, бадијава се мачел. Така и овие велечасни оци, бадијава ќе се состанат, а нивните одлуки ќе имаат ефект и смисла како работата на Сизиф од која се немало никаква полза . Џабе ќе се сретнуваат и џабе ќе дебатуваат. Ќе се разберат и договорат како глув и нем.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *