Почетна Вести Синодска седница за помирување на Петар и Тимотеј
Синодска седница за помирување на Петар и Тимотеј

Синодска седница за помирување на Петар и Тимотеј

2.03K
2

Митрополитите Петар и Тимотеј постигнале меѓусебна согласност за не мешање во надлежностите во еперхиите во Австралија, дознава Религија.мк.

На последната синодска седница, што вчера се одржала во скратен состав во Архиепископијата на МПЦ, двајцата Архиереи направиле договор дека ниту еден од нив нема да се меша во работата на другиот Архереиј во црквите со кои управуваат во Австралија.

Религија.мк дознава дека иницијативата била на Архиепископот г.г. Стефан кој побарал и од двајцата Владици да ги спуштат страстите и да ја олабават меѓусебната нетрпеливост која изминативе две години добиваше на интензитет.

Владиката Тимотеј, кој всушност досега и не се мешаше во ингеренциите на Петар, сметал дека тоа е најисправниот начин за да во моментов се смират тензиите.

Владиката Петар, кој пак по скандалот што го предизвика со бркањето на Игименот Гаврил од Манстирот Св. Прохор Пчински во Дунибург, Австралија исто така дал согласност дека за него понатаму интерес ќе бидат само црквите од неговиот дел од Епархијата. Тој по Водици заминува во канонска посета на Австралија и наводно дал ветување дека нема да ја процесира постапката, што неговите свештеници веќе ја покренаа, против Игуменот Гаврил.

Црковни извори велат дека самата слика по синодската седница, од која Тимотеј и Петар излегле расположени, и наводно заедно заминала на ручек, покажува дека за проблемите во Австралија, барем за сега има надеж дека ќе се надминуваат

Од друга страна пак, ова помирување меѓу Петар и Тимотеј остава простор и за реализација на договорот меѓу Владиката Тимотеј и црковните општини под негова јуриздикција за регистрација на епархијата во Австралија. На такво нешто, според изворите на Религија.мк се согласил и Владиката Петар.

Тоа пак, треба да значи дека веќе на првата Синодска седница, по Богојавленије Синодот треба да расправа и да ја донесе одлука за прифаќање на сатутот за регистрација на Епархијата.

Коментар(2)

  1. Ako vladikata Petar e svesen deka negovite postapki narodot ili vernicite ne gi odobruvaat a za nekoi i se luti (zgolemuvanjetna cenite) treba samiot da se povleci a ne so uceni javno a sigurno licno uste poveke se kazani megu Vladicite. Vo edno e vo poavo, deka kako sto sam ne potseti ,toj se sluzi SO ZAKANI I UCENNI PO POSTOENJETO NA M.P.C. I POGLAVAROT ISTO KAKO STO PRAVI ZAEV NA R.MAKEDONIJA I NA PREMIEROT.Zatoa go molam Vladikata Petar da se povlece i da ne go emitira Zaev zosto urnekot ili primerot po koj se povel ne e dobar i ke mu steti uste poveke zasto da potsetime deka VLADIKATA IMA GOLEM TOVER SO TOA STO BESE DUXOVEN TATKO NA RASCINETIOT VRANISKOSKI ZA STO VERNICITE NIKOGAS NE MU PROSTIJA A SE NADEVAME DEKA VLADIKATA KE ODGOVARA ZA TOA I PO CRKOVNITE PRAVILA/KANONI A NA TOJ DA SE ZAKANUVA NA SINODOT I NA MAKEDONSKSTS PRAVOSLAVNA CRKVA -OXRITSKA PATRIJARSIJA-JUSTINIJAN PRIMA-Dolznos na sinodot e da se grizi za nas vernicite i nasata crkva a ne da tolerira mestaci ,politikanti,ucenuvaci i dr,koe go gledame vo politikava vo crkvata sakame da go nema zosto tuka nie barame duhoven mir ,i lugeto sto go remetat toj duxoven mir da ja napustat i ne ostavat da se pomolime na gospot vo duhoven mir.GOSPDE POMOGNI NI I SOCUVAJ JA NASATA CRKVA I VERATA VO NEZINITE DUXOVNI BOZJI VREDNOSTI STI GI NEGUVA I TREBA DA GI NEGUVA I PONATAMU -GOSPODE POMOGNINI DA GO SOCUVAME DUXOVNIOT MIR VA NASATA CRKVA .VO IME NA OCA I SINA I SVETOGA DUXA AMIN

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *