Почетна Вести Христијанство Заев: Се надевам дека МПЦ и БПЦ ќе одржат заедничка литургија –

Заев: Се надевам дека МПЦ и БПЦ ќе одржат заедничка литургија –

245
0

-Се надевам наскоро да има заедничка литургија меѓу бугарската и македонската црква“, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во Лондон во одговор на прашањето на Агенцијата БГНЕС дали поддржува заедничкото сослужение меѓу Бугарската Православна Црква и Македонската црква – Охридска архиепископија.

Во рамките на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија, рече тој, „ние сме се договориле веќе дека ќе ги поддржиме сите активности кои ќе придонесат за продлабочување на соработката“.

Заедничкото сослужение, исто така, е начин за взаемна поддршка вели македонскиот премиер.

Заев и Бојко Борисов учествуваат во Лондон во инвестициски форум за Западен Балкан организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). На конференцијата присуствуваат лидерите од сите земји од регионот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *