Почетна Вести Христијанство Заблескаа крстовите на храмот на Светите Кирил и Методиј
krstovi big
krstovi big 2
krstovi big 3
krstovi big 4
krstovi big 5

Заблескаа крстовите на храмот на Светите Кирил и Методиј

824
0

Храмот Свети Кирил и Методиј, во Битуше, кој е дел од Бигорската обител ги доби крстовите на куполите, во присуство и со благослов на надлежниот  Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Месинганите позлатени крстови за трите куполи најпрвин беа осветени од нашиот Митрополит, а потоа со голем труд беа победоносно издигнати и поставени на врвовите од храмот. Радоста од овој чин ги исполни срцата на сите присутни верници и уште еднаш ја посведочи вистината дека, ете, „преку крстот дојде радост за целиот свет“. Колку е голема силата на Крстот! Колку моќно го промени тој човечкиот род! Како од длабока темнина нѐ изведе во бескрајна светлина, од смрт ни го врати вечниот живот, од распадливост нѐ воведе во нетленост! Кое добро што го имаме денес не било постигнато преку Крстот? Преку Крстот се учиме на побожност, учиме за Божјата природа. Преку Крстот ја научивме вистината за Бога и преку Него, ние што бевме далеку, се соединивме во Христа и се удостоивме за благодатта на Светиот Дух. Преку Крстот учиме за силата на љубовта и се учиме да се жртвуваме за другите“ (Свети Јован Златоуст), велат од Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *