Почетна Вести Христијанство Благодатниот оган годинава во Македонија ќе стаса преку Бугарската Црква
Благодатниот оган годинава во Македонија ќе стаса преку Бугарската Црква

Благодатниот оган годинава во Македонија ќе стаса преку Бугарската Црква

295
2

Македонската православна црква – Охридска архиепископија годинава за првпат за Велигден официјално ќе го добие Благодатниот оган преку Бугарската православна црква.

Според пишувањата на БГНЕС, Благодатниот оган од Ерусалим на аеродромот во Софија ќе му биде предаден на македонскиот владика Иларион кој ќе биде испратен лично од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Веднаш потоа владиката Брегалнички Иларион со хеликоптер ќе замине за Скопје од каде Благодатниот оган ќе биде разнесен до сите православни храмови во Македонија.

Благодатниот оган годинава во Софија од Ерусалим ќе го донесе бугарскиот митрополит Антониј, што според најавите, директно ќе биде пренесувано од медиумите и социјалните мрежи во Бугарија.

Митрополитот Антониј треба да слета на софискиот аеродром на 7 април, Велика сабота, во 19:30 часот по бугарско време, по што Благодатниот оган ќе биде пренесен до сите храмови во Бугарија, а преку владиката Иалираон и до сите православни светилишта во Македонија.

Благодатниот оган се пали на чудесен начин секоја година на Велика сабота на гробот на Исус Христос во Ерусалим. Благодатниот оган се смета за чудо во православието, бидејќи се пали единствено во рацете на ерусалимскиот патријарх и во првите моменти не зрачи топлина и не предизвикува изгореници.

Инаку ова не е прв пат Благодатниот оган да доаѓа во Македонија. Изминативе неколку години него го Македонија го носеа монасите од Бигорскиот манастир, преку претставници на грчката црква.

Коментар(2)

  1. Ми се чини дека не треба посебен благослов за да се присуствува на богослужењето кога на Велика сабота по молитвите на Ерусалимскиот Патријарх слегува овој оган во олтарот на црквата на Светиот Гроб. Поклоници од цел свет (значи и царско свештенство) присуствуваат и имаат можност да си понесат факел со светлината од тој оган. Но специјален авион секако е потребен.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *