Почетна Вести Христијанство Владиката Агатангел утре ќе го предводи маршот на традиционалните семејни вредности во Скопје
Владиката Агатангел утре ќе го предводи маршот на традиционалните семејни вредности во Скопје

Владиката Агатангел утре ќе го предводи маршот на традиционалните семејни вредности во Скопје

1.00K
0

Повардарскиот Митрополит Агатангел утре ќе го предводи маршот посветен на традиционалните семејни вредности што како одговор на првата геј парада ќе се случува паралелно во Скопје.

Прес службата на неговата епархија попладнево соопшти дека пред почетокот на поворката владиката Агатангел во присуство на свештеници од сите епархии на МПЦ-ОА во Црквата Пресвета Богородица во Скопје ќе отслужи литургија, а потоа сите заедно ќе ја организираат поворката во одбрана на семејните вредности.

-Се известуваат сите благочестиви верни чеда во Господа, дека на утрешната Литургија во храмот на Рождеството Богородично во Скопје, ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел  во сослужение на многубројно свештенство од повеќе епархии на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Литургијата е со почеток во 08,30 часот, и потоа сите заедно ќе учествуваме во ПОВОРКАТА ПОСВЕТЕНА НА СВЕДОЧЕЊЕТО НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ СЕМЕЈНИ ВРЕДНОСТИ. Ги повикуваме сите наши духовни чеда, браќа и сестри во Христа, да присуствуваат со цел што посилно да посведочиме, сите заедно со семејствата, што за нас како христијански народ е нормално и прифатливо,  стои во соопштението од Повардарската епархија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *