Почетна Вести Архиепископ од Руската Црква во посета на Бигорски: Бог да Ве благослови што го умножувате монаштвото во македонската земја
6
17
16
15
14
13
12
11
7
5
4
2
1
10
8
9
3

Архиепископ од Руската Црква во посета на Бигорски: Бог да Ве благослови што го умножувате монаштвото во македонската земја

3.06K
1

Висок претставник на Руската православна црква денеска бил во посета на „Бигорскиот манастир“ и манастирот во Рајчица, а имал средби и со Архмандритот Партениј.

Архиепископот Петерхофски, г. Амвросиј, кој е и ректор на Санкт-петербуршката духовна академија и семинарија, ги посетил манастирските цркви и присуствувал и на споменденот на „Светите Кирил и Методиј.

3Високиот гостин од Руската православна црква изјавил дека е благодарен што може да го честита празникот на Светите Рамноапостолни Методиј и Кирил, празник кој особено е трепетно да се празнува во земја што е поврзана со овие Светии.

– Македонскиот народ е православен народ и моја искрена желба е Православието не само да се запази, туку и да се умножува и проповеда по сите краишта на земјата. Многу ми е драго што денес сум во овој древен манастир, каде што навистина се чувствува духот на древното монаштво, духот на светогорското монаштво. Ви благодарам што го негувате тој дух и го умножувате монаштвото во Македонската земја и ја продолжувате таа исихастичка традиција, без која Црквата едноставно не може да дише. Да ве благослови Бог, изјавил Архиепископот г. Авросиј.

9Тој потенцирал дека дека Руската Црква вложува многу напори за да се обноват преговорите помеѓу СПЦ и МПЦ, надевајќи се дека тие преговори ќе влезат во активна фаза и ќе дадат резултат.

Архимандритот Партениј, пак, посетата на високиот гостин од РПЦ на Бигорска Обител ја оценил како јасен израз на голема Божја милост кон Македонија.

-Особена чест и радост ни е што благоволивте да дојдете кај нас денес, на споменот на Светите Рамноапостолни Браќа Кирил и Методиј, на тие молитвени застапници за родот словенски и огнени столбови што горат крај Престолот Божји за целото човештво. Веруваме дека токму нивниот благослов Ве донесе сега овде, во овој древен Манастир, еден од првите словенски општежителни манастири воопшто, кој за четири години ќе го слави своето илјадалетие, изјавил Игуменот на бигорското монашко семејство.

8-Ваше Високопреосвештенство, благодарејќи Ви што нè удостоивте со Вашата посета, ги просиме Вашите свети молитви и Вашиот архипастирски благослов. Но, и како наш ценет гостин од православна Русија, вековната покровителка на православните словенски народи, го просиме и Вашето застапништво за признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква, во чие лице денес е возобновена славната Охридската Архиепископија, која некогаш учествувала во покрстувањето на Света Рус, и со тоа духовно ги сродила нашите православни народи. Ве молиме да ни простите што во овој радосен и свечен миг Ви го спомнуваме тоа, но, навистина, голема рана претставува за нас тоа што денес славната Охридска Архиепископија, поради неоснованото негирање и жестокосрдечноста на дел од клирот на Српската Православна Црква, претрпува неправедна изолација од православната екумена, и што ние, нејзините духовни чеда, не сме, не по наша волја и вина, во евхаристичко општење со нашите православни браќа во Христа, му посочил Архимандритот Партениј на гостинот од Руската православна црква.

10Архиепископот г. Амвросиј е во посета на Македонија на иницијатива на ректорот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски. Целта е продлабочување на соработката на Универзитетот во Скопје, со Духовната академија во Санкт-Петерзбург.

Последните години на Санкт-Петербуршката Духовна Академија студираат шест студенти од Македонија.

/РЕЛИГИЈА.МК/ фото: БИГОРСКИ

ГАЛЕРИЈА:

Коментар(1)

  1. Како е можно, Партениј и неговото братство да ја преферира автокефалноста пред евхаристиското заедничко општење од кое според неговото кажување се исклучени и без кое не постои самата евхаристија?! Тогаш излегува дека заради автокефалноста сопствената литургија ја претвараат во фарса!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *