Почетна Вести ВЕЉАНОСКИ: Да го чуваме она што е создадено како трајна вредност
ВЕЉАНОСКИ: Да го чуваме она што е создадено како трајна вредност

ВЕЉАНОСКИ: Да го чуваме она што е создадено како трајна вредност

65
0

trajko veljanoski„Со оддавањето на почит и празнување на Светите браќа Кирил и Методиј го уважуваме едно од најзначајните дела за македонскиот народ и останатите народи да можат на свој разбирлив јазик да ги примат и шират христијанските вредности. Тие ги поставија темелите на писменоста и го одбележаа периодот на будење на словенските народи“, пишува претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во честитката за 24 мај денот на „Светите Кирил и Методиј“.

-Нивниот траен белег е врежан во севкупниот европски цивилизациски подем, а преку нивната упорност и макотрпна работа докажаа дека не постои јазик што не е доволно свет и достоен за славење на Бога. Светите браќа Кирил и Методиј преку својата делотворна работа и мисионерски походи просветлија многу народи и го надградија нивниот духовен и културен развој, стои во честитката од Вељаноски.

Наша заедничка цел, како што истакнува Вељаноски, е да продолжиме да го чуваме се она што е создадено како трајна вредност и да сме полни со верба дека имаме сила да ги победиме сите предизвици. Во чест на Светите браќа Кирил и Методиј и нашите претходни генераци имаме обврска да го чуваме идентитетот, културата и јазикот кои се вечен извор на напредок на една држава.

– Сите идни генерации нека продолжат да ја црпат неизмерната инспирација од нивниот лик и дело за благосостојба на нашата татковина, Република Македонија, додава во честитката претседателот на македонското Собрание.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *