Почетна Репортажа Видео Нов видео запис „Пасха во Бигорски 2023“
Нов видео запис „Пасха во Бигорски 2023“

Нов видео запис „Пасха во Бигорски 2023“

21.50K
0

Нов видео запис под наслов „Пасха во Бигорски 2023“ е изработен за овој надалеку познат манастир, овој пат за годинешното величенственото одбележување на Христовото воскресение-Велигден.

Присуството на неколку илјадници верници, во саботата 15 април пред Христово воскресение и со повеќе стотици во другите денови, од сите делови на државава, но и на верници од православниот свет од повеќе европски држави, само потврди дека Бигорски останува духовен центар за поширокиот балкански регион.

Во овој манастир, по чија заложба на епископ Антаниски г. Партениј за првпат пред 15 години беше донесен Благодатниот оган, најголемата радост која му се случува на човечкиот род, и годинава  ја соопшти токму владиката Партениј, кој со пасхален восхит и восклик беседеше за Воскресението како негов сведок, со зборови полни со благодат и сила.

Видео записот го реализираа Стефан Рајхл и Александар Пауновски, сниматели, Бранко Блажевски, монтажа, музика Петар Христов, хорот при Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“, режија Илија Ико Каров.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *