Почетна Вести Христијанство Претставници на Синодот и Архиепископот на средба со Заев изразија благодарност за писмото упатено до партијархот Вартоломеј
Претставници на Синодот и Архиепископот на средба со Заев изразија благодарност за писмото упатено до партијархот Вартоломеј

Претставници на Синодот и Архиепископот на средба со Заев изразија благодарност за писмото упатено до партијархот Вартоломеј

456
1

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, што ја предводеше г.г. Стефан, архиепископ на МПЦ-ОА, придружуван од митрополитите г. Тимотеј и г. Климент.

Делегацијата на МПЦ-ОА, како што информираат од владината прес-служба, на средбата изразија честитки за изборната победа и за новиот мандат на премиерот Заев, со желби за успешна работа во услови на мир на Владата на Северна Македонија и за реализација на програмските определби за кои гласаше мнозинството на народот во земјата.

На средбата, претставниците на Синодот на МПЦ-ОА искажаа благодарност за писмото упатено од премиерот до патријархот Вартоломеј и Цариградската патријаршија и ја поздравија оваа инцијатива како важна поддршка од Владата во процесот на обезбедување автокефалност на МПЦ-ОА.

Премиерот Заев на средбата изрази подготвеност да го поттикне ангажирањето на институционалните капацитети за затворање на денационализацијата на имотите што припаѓаат на МПЦ-ОА, како и за конзерваторските проекти за заштита на црковното културно наследство, коишто се и приоритети на Министерството за култура.

На средбата со архиереите на МПЦ-ОА, премиерот Заев уште еднаш упати честитки по повод 1000-годинишнината од Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, како еден од најважните црковни настани оваа годинa.

/МИА

Коментар(1)

  1. Cestitki za upateno pismo ma pogresna adresa, zatoa sto vselenskiot patrijarh e prv po cast, ne po vlast. Toj nema pravo da dava, a osobeno po zelba na nekpj si premier, kako sto vo slucajov e Zaev, avtokefalnost na raskol. kako sto e MPC. Toj, vselenskiot patrijarh ima cast samo da dafe soglasnost , t. j. tomos, za avtokefalnost po prethoden predlog od majka crkva. Vo slucajov toj ima samo pravo da dade tomos za avtokeralnost na MPC na predlog i poraka od SPC. Medjutoa kako toj vekem ima dadrno takov tomos, doduse za avtonomija na POA, na prvoposluzitel vo cin arhiepiskop Vraniskovski, besmisleno e sega da dava isto i na GG Stefan, oti so toa, namesto da go zaceluva edniot raskol, toj pravi tri raskola. 1.bespravno go lisuva Vraniskovski od arhiepiskopsko dostojanstvo, 2 bez soglasnost od SPC udostojuva raskolnicki poglavar i 3 pravi svoj raskol i so SPC kako sto napravi raskol so Moskovskata patrijatsija poradi Ukrainskata crkva. Ako ova situacija ne mu e poxnata na Cane Mojanovski, na Gg Stefan treba sekako da mu e poznata. E edino ako na fanariotot Vartolomej mu sd mune nekoe euro kako od Ukraina togas se e mozno, oti glad natera i patrijarha da ukrade leb od selo.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *