Почетна Анализа ЕКСКЛУЗИВНО: МПЦ одлучи да го прогласи за Светец Јоаникј Ракотински
ЕКСКЛУЗИВНО: МПЦ одлучи да го прогласи за Светец Јоаникј Ракотински

ЕКСКЛУЗИВНО: МПЦ одлучи да го прогласи за Светец Јоаникј Ракотински

2.38K
0

Македонската православна црква  во јубилејната 2017 година од нејзината автокефалност, покрај Епископот Велички Гаврил Светогорец, за кој Митрополитот Пимен потврди дека ќе биде прогласен за Светец, ќе канонизира уште една личност од нејзината понова историја. Станува збор за Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци.

Религија.мк ексклузивно дознава дека сите постапки за неговото прогласување за светец се завршени и веќе во процес е подготвителната постапката за службата и житието за Јоаникиј Ракотински.

4Телото на Архимандритот од скопското село и 80 години од неговата смрт се уште не е распаднато. До 2010 година се наоѓаше во гроб во дворот на црквата „Свети Илија“. Поради информации дека постои опасност телото да биде украдено, МПЦ во 2010 година го откопа и денес се чува на безбедна локација во Скопската Епархија.

Архимандритот Јоаникиј е роден 1839 година, а починал на 24 јануари 1940 година, на 101 годиншна возраст. Додека се уште бил жив, архимандритот сам си го ископал гробот каде и го закопале по смртта.

40 години по неговата смрт, на чуден начин, најверојатно преку ерозија на земјиштето, неговите мошти се појавуваат на површината од гробот. Поради стравот од тогашните комунистички власти, мештаните веднаш повторни ги закопале иако констатирале дека телото е во целосно здрава, нераспадната состојба.

Но, моштите на Јоаникиј се појавуваат повторно. Второто појавување била доволна причина за да се увери македонската православна јавност дека нешто свето има во самите мошти. Тие биле нераспаднати и по второто појавување.

По второто појавување, локалниот свештеник и селаните го закопале архимандритот во селските гробишта, за да подоцна го вратат во неговиот првобитен гроб. Овој пат, тие го ставиле во стаклен сандак обложен со камени плочи кои се наоѓале насекаде околу ковчегот освен на лицето. Но, лошата заштита довела до благо оштетување на телото, но сепак истото и денес е доста заштитено.

За Архимандритот Јоаникиј има многу малку податоци. Освен годината, датумот и местото на раѓањето не се познати, но мештаните паметат дека Дедо Аџија како што го нарекувале, заради неговите поклонички патувања, бил охриѓанец. Пред да се насели во манастирот „Свети Илија“ во село Ракотинци, извесно време живеел во Марковиот манастир.

1Отец Јоаникиј го паметат како најобразованиот човек во околината, за совет кај него доаѓале дури од најоддалеченото село Брезница каде што бил омилен помеѓу луѓето, но и турски аскери коишто подеднакво го почитувале.

Меѓу приказните кои што се прераскажуваат за неговата светост се и сведочењата на двајца мештани за исцеленијата добиени под епитрахилот на Архимандрит Јоаникиј.

Едниот од нив боледувал од глисти, додека, пак, мнозина биле излечени од маларијата застапена во тоа време…

/РЕЛИГИЈА.МК

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *