Почетна Анализа Оланд бара „ислам на франција“
Оланд бара „ислам на франција“

Оланд бара „ислам на франција“

220
0

Францускиот претседател Франсоа Оланд повика на создавање „ислам на Франција“ и отстранување на странски обучените екстремистички имами, во клучен говор во четвртокот за предизвиците што ги наметнува радикалниот ислам за демократијата.

Обраќајќи се на дебатата за исламот, по летниот период со терористички напади и забрани за буркини, тој истакна дека францускиот секуларизам не е во спротивност со религијата.

nica oland„Ништо во идејата на секуларизмот не е спротивно на практикувањето на исламот во Франција, се’ додека – и тоа е од витално значење – се почитува законот“, изјави Оланд во Париз, нагласувајќи дека секуларизмот „не е религија на државата што се издвојува од сите други религии“.

„Она во што треба да успееме заедно, е создавање ислам на Франција“, рече Оланд.

Тој рече дека тоа би можело да се постигне преку новата Фондација за исламот во Франција, мерка најавена како резултат на терористичките напади за подобрување на односите меѓу државата и голема муслиманска заедница во земјата, која опфаќа меѓу седум и девет отсто од населението.

Долгогодишниот француски политичар Жан-Пјер Шевенман беше назначен за шеф на фондацијата минатиот месец, јави БФМ ТВ, подружница на Си-ен-ен.

Оланд изјави дека Франција, исто така, треба да создаде „национална асоцијација, со цел да се добие финансирање за изградба на џамии и обука на имами“.

„Републиката не може да прифати ситуација каде што мнозинството имами се обучени во странство, а понекогаш не го зборуваат нашиот јазик“, рече тој.

Француските правила на секуларизмот забрануваат користење на државни пари за верски објекти, а постои и загриженост во врска со радикалната визија на исламот што се практикува во некои странски финансирани џамии. Најмалку 20 муслимански верски објекти се затворени поради екстремизам од декември, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев во јули.

Франција е во вонредна состојба воведена по терористичките напади на ИСИС во Париз во ноември и таа продолжи по терористичкиот напад на Денот на Бастилја во Ница.

/CNN

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *