Почетна Анализа Секуларизацијата им тропна на врата на Католиците, во Холандија стотици цркви ставија катанец
Секуларизацијата им тропна на врата на Католиците, во Холандија стотици цркви ставија катанец

Секуларизацијата им тропна на врата на Католиците, во Холандија стотици цркви ставија катанец

415
0

Додека во Амстердам од завчера, па во наредните две недели се ќе биде во знакот на боите на виножитото и ќе се одбележуваат гордоста и правата на ЛГБТ-популацијата во Европа, Холандија отворено се зафати со еден друг библиски проблем – што со празните цркви, пишува во својата на анализа, дневниот весник „Дневник“

crkva holandija 1Податоците говорат дека верата во Господ во Европа последниве години драстично опаѓа, но статистиката е бездушна кога се во прашање црквите во Холандија – неделно се затвораат по две цркви, а притоа се намалуваат и парохиите. Ако се земе предвид дека во земјата има регистрирано 4.400 цркви, предвидувањата се дека многу бргу две третини од тие цркви ќе бидат ставени под катанец. Прашањето е што со нив и со имотот внатре, како што се црковните клупи, олтарите, крстовите, камбанариите, лустерите…? Дали тие да се урнат или да се пренаменат во нешто друго?

Петра Стасен, директор за управување со религиозни вредности, вели дека владата мора да се соочи со прашањето дека повеќето од напуштените цркви не можат да се спасат. Аргументот е дека одржувањето цркви без верници е мошне скапа работа, па затоа можеби е потребно да се селектираат општини во кои ќе се одржува црковниот живот. Тоа значи дека државата треба да ја субвенционира црквата, односно тие што ќе бидат селектирани. Другите или ќе бидат урнати или оставени така празни.

crkva holandijaЕксперти и професори од религиозната област и архитектонското наследство велат дека и повиците за спас на црквите од некои парламентарци не се многу оптимистични, иако истакнуваат дека секоја политичка акција е за поздравување.

Петра Стасен дури помалку на саркастичен начин на повикот на пратениците од Христијанската унија и од Д66 за вклучување на државата во решавањето на проблемот рече дека „Хаг требал на тоа да мисли пред неколку години кога одговорноста за наследството ја префрлил на општините како и малкуте пари издвоени за таа намена“.

crkva holandija 3Неколкуте децении на секуларизација придонеле многу цркви веќе да не се користат за црковни потреби или за миси. Од друга страна, има многу монументални згради за кои сопствениците немаат доволно пари да ги обноват. Експертите сметаат дека процесот на празнење на црквите се одвива многу брзо, а архиепископот Еик на дицезата на Утрехт смета дека таа од 200 ќе спадне на само 30 цркви.

Ако се прифати предлогот за субвенционирање на црквите, во тој случај во Утрехт би требало да се изберат две-три цркви што би имале специјален статус.

crkva holandija 4Александер Печтолд, лидер на партијата Д66, заедно со колегата од Христијанската унија засука ракави и настојува прашањето да влезе во парламентарните клупи. Печтолд емоционално ја опишува неговата намера како политичка акција.

– Ќе ви кажам нешто необично. Целата моја куќа е полна со религиозни предмети. Татко ми дури го купи целиот мебел од една црква во Делфт пред да биде урната. Брат ми, братучедите… сите дома имаме клупи од црквата „Патерскерк“ – вели Печтолд, кој смета дека црквите како дел од религиозното наследство мора да се спасат.

ПИШУВА: Христо Ивановски специјален известувач на ДНЕВНИК  од Хаг

И СРПСКАТА ЦРКВА БАРА РЕЛИКВИИ ОД ГОЛЕМАТА ШИЗМА

Многу од напуштените цркви се претворени во книжарници, а некои, на пример, во Арнхем, дури и во скејт-центри. Римокатоличката црква во Доминиканска Република добила мермерен олтар од црквата во Ајндховен, која сега е претворена во здравствен дом. Друга црква, која се пренаменува во библиотека и театар, целиот инвентар и го подарила на црква во Лавов, Украина.

crkva holandija 6Според некои податоци, само во периодот од 1970 до 2008 година биле урнати 206 холандски католички цркви, а 148 други биле претворени во книжарници, здравствени центри, ресторани, апартмани или за друга намена. Парохии од Источна Европа по падот на комунизмот доживуваат процут и некои како во Естонија, Литванија и Полска побарале одежди и уметнички предмети. Но, во редот на баратели се нашла и Српската православна црква – таа од Холандија побарала реликвии од времето на големата шизма од 1054 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *