Почетна Вести Вториот човек на Ватикан доаѓа во Македонија?
Вториот човек на Ватикан доаѓа во Македонија?

Вториот човек на Ватикан доаѓа во Македонија?

418
0

Државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, најверојатно ќе допатува  во официјална посета на Република Македонија, пишува дневниот весник „Дневник“, повикувајќи се на свои извори.

Посетата треба да се случи кон средината на март, и таа ќе биде највисоката по ранг посетата на еден функционер на Римокатоличката црква на Македонија.

Според информациите на „Дневник“, Паролин во текот на престојот ќе се сретне со највисоките македонски државни раководители. Освен ова, предвидено е тој да учествува и во богослужбата што ќе се одржи во скопската катедрала „Пресвето срце Исусово“, како и во другите свечености што ќе ги организира Скопската бискупија.

„Дневник“ оценува дека посетата е знак дека односите меѓу Република Македонија и Ватикан одат постојано по нагорна линија, а што го покажаува и минатогодишната посета на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Ватикан.

Тогаш, Иванов се сретна и со папата Франциск и со Паролин, кои претходно дадоа силна подршка за поставување плоча во чест на свети Kирил и Методиј во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Поставувањето на плочата беше по иницијатива на претседателот Иванов во чест на одбележувањето на јубилејот 1.150 години од почетокот на словенската мисија на светите Kирил и Методиј.

Од името на македонскиот народ и во знак на благодарност за високата меѓусебна почит и континуираното пријателство од претседателот Иванов на државата Ватикан се подарени два подарока, сребрен филигрански крст со македонски рубини и бронзен релјеф со библиска тема, кој сега е изложен во централниот дел на ватиканските простории.

Пјетро Паролин стана државен секретар на Ватикан во 2013 година, а тоа е втора по важност функција во хиерархијата на Римокатоличката црква, по папата. Претходно беше амбасадор на Ватикан во Венецуела и заменик-министер за надворешни работи на Ватикан, а на новата функција е поставен по барање на папата Франциск.

Засега, се уште е неизвесно дали оваа посета значи и одредено навестување за посета на Макеоднија  и од страна на папата Франциско. Но, таа сигурно е во прилог на создавањето амбиент за нејзино остварување во иднината, пишува „Дневник“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *