Во Бостон одбележани 35 години од устоличувањето на патријархот Вартоломеј

Date:

Share post:

35 години од устоличувањето на вселенскиот патријарх Вартоломеј беа повод за дводневен научен собир во Бруклин, Масачусетс, на кој беше разгледано неговото влијание врз современото православие, меѓуправославниот дијалог и односот на Црквата кон современите општествени прашања.

На собирот, одржан во Културниот центар „Малиотис“ во рамки на колеџот, учествувале православни архијереи, научници, професори и студенти, како и претставници на Архонтите на Вселенската патријаршија.

Темите опфатиле повеќе области во кои Вселенската патријаршија во изминатите децении настојуваше да го афирмира своето присуство – од меѓуправославните и екуменските односи, преку меѓурелигискиот дијалог, до прашањата поврзани со животната средина и современите општествени предизвици.

Посебно внимание било посветено и на прашањето за заштитата на животната средина, тема со која патријархот Вартоломеј со години е поврзуван во меѓународниот црковен и јавен простор.

На собирот свои излагања имале и претставници на Архонтите на Вселенската патријаршија – Том Пападеметриу, Џејмс Скедрос и Џејмс Сперос, регионален командант на Архонтите во Нова Англија.

Во рамки на дискусиите биле отворени и социјални прашања, меѓу кои трговијата со луѓе и заштитата на животната средина.

Настанот се одржа под покровителство на архиепископот на Америка Елпидофор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img