340
0
Верски календар: 18 јуни
МПЦ-ОА Св. свештеномаченик Доротеј.
Доротеј 50 години беше епископ на црквата Христова во градот Тир. За време на владеењето на царот Диоклецијан, тој се повлече од Тир за да ги избегне прогоните, а во градот се врати кога се востоличи царот Константин Велики. Животот го заврши маченички по времето на Константин, кога владееше Јулијан Отстапникот, во 361 година, во градот Одесос (денешна Варна).