Почетна Вести Во 50 држави во светот е опасно да се биде Христијанин
Во 50 држави во светот е опасно да се биде Христијанин

Во 50 држави во светот е опасно да се биде Христијанин

960
0

„2015 е година на стравот за Христијаните“. Таква оценка за изминатат година дал Инстутот „Отворени врати“, кој ги истражува прогоните протоив Христијаните во светот.

Мапа на светскиот прогон против Христијаните. Севрна Кореја најопасна
Мапа на светскиот прогон против Христијаните. Севрна Кореја најопасна

Иаминатава година била со најмногу случаи во кои бил регисриран прогон на Христијаните. Според истражувањето на „Отворени врати“ најопасна држава за Христијаните е Северна Кореја. Таа се наоѓа на врвот од листата со дури 50 држави во светот во кои Христијаните се мета на прогон.

Истражувањето, според прогонот на Христијаните, државите ги рангира во три категории. „Екстремен прогон“, „Многу високо ниво на прогон“ и  „Високо ниво на прогон“.

Во првата категорија се наоѓаат девет држави. Покрај Северна Кореја, тука се Ирак, Сирија, Пакистан…

Дури 16 држави се рангирани со високо ниво на прогон на христијаните. Тоа се претежно муслимански држави, но тука се наоѓа и комунистички Виетнам, како и Катар.

25 држави пак се водат со високо ниво на прогон на христијаните. Тука спаѓаат и Кина, Колумбија, Казакстан, Турција…

Од Институтот „Отворени врати“, велат дека растот на радикалниот исламски фундаменталзиам е една од најчестите причини поради кои страдаат христијаните. Но, сепак загрижувачки се и други причини кои се јавуваат како елементи за прогон, како што е растот на верскиот екстремизм кај Хиндусите и Будистите.

Во светот минатат година биле убиени околу 7000 христијани само поради нивната верска припадност. Тоа е за околу 3000 случаи повеќе од лани.

Околу 2400 цркви биле предмет на напади и вандализам.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *