Почетна Вести Огромна поддршка за Игуменот Гаврил во Охрид

Огромна поддршка за Игуменот Гаврил во Охрид

909
1

Голема литургија за „Свети Атанасиј Велики“ отслужија Митрополитите Струмички Наум, Тетовскиот Јосиф, Кумановскиот Јосиф и Дебарско-кичевскиот Тимотеј во Црквата „Св. Ѓорги“ во Охрид.

Особено значајно во оваа заедничка служба на четворицата Археиери на МПЦ е и присуството на Игуменот Гаврил од Австралија, кој се соочува со обвинувања од свештениците на Владиката Петар.

По заедничката служба на Отец Гаврил со Митрополитите Јосиф и Јосиф за денот на „Свети Сава“, потоа службата со Митрополитот Иларион во Лесново, за „Св. Гаврил Лесновски“, ова е трета во низа служба на која учествува Архимандритот Гаврил.

Тој, благодарение на Митрополитот Струмички Наум, кој во Охрид исто така учествувал на службаата, сега е дел од црквите во Австралија со кои раководи Митрополоитот Тимотеј.

Иако овие заеднички служби, што Отец Гаврил ги имаше изминативе деновои, во нормали услови би биле само обични сослужувања, сепак предизвикот со кој тој се соочува во црковно-судскиот процес што против него го покрена Владиката Петар, овие заеднички сослужувања ги прави многу повеќе од протоколарни. Тие се директна поддршка на Игуменот Гаврил.

Религија.мк, дознава дека во следните денови, Гаврил практично ќе добие поддршка од речиси сите Архиереи на МПЦ. Дополнително значање има и тоа што на Отец Гаврил му е доверена обврска тој да ја дава и света причест по сите литугии.

Погледнете ја фотогалеријата.

Коментар(1)

  1. Не треба само поддршка да се даде на игуменот Гаврил, туку истовремено треба да се поведе иницијатива за оддалечување на лажниот владика Петар од црквата. Тој е во колаборација со Јован Вранишковски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *