Почетна Вести Владиката со гитара (ВИДЕО)

Владиката со гитара (ВИДЕО)

490
1

Сè побројни се свештениците и монасите во Српската православна црква кои го претставуваат новиот дух на црквата.

valdika spc 2Тие се одвојуваат од повозрасните владици не само по образованието, туку и по нивните занимливи биографии и интереси, по нивната динамична енергија и по отворениот начин на размислување.

Еден од нив е и владиката Андреј, епископ на австриско-швајцарската епархија при СПЦ од 2014 година, чие хоби и начин на опуштање е токму свирењето на гитара.

Тој е роден во Германија, зборува повеќе странски јазици, а освен како богослов, познат е и по ангажманот СПЦ да има добра соработка со останатите православни цркви. Можеби помалку познато е дека е одличен познавач на црковното пеење.

Српските медиуми често ги објавуваат нековите непосредни и пријателски контакти со верниците во неговите парохии во Европа, каде пее и свири на гитара.

Еден од таквите настани е кога на денот на една слава во Виченца, Италија, после литургијата во храмот, на верниците им отпеал и песна на италијански јазик, со што уште еднаш го потврдил неговото богатство на духот, образование, но и комуникација со сите посетители на српската црква во дијаспората.

Коментар(1)

  1. За жал, владиката Андреј не е православен архиереј, туку екуменист и латинофил. Колку сме подалеку од ваквите „владици“, толку сме поблизу до Бога. Moжеби во очите на не христијаните ова однесување е модерно и интересно, но пред очите на народот Божји ваквото однесување е крајно скандалозно и не православно.
    https://www.youtube.com/watch?v=yPI8syklPbE

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *