Почетна Вести Русија отворено пројави амбиции да биде лидер на Православието
Русија отворено пројави амбиции да биде лидер на Православието

Русија отворено пројави амбиции да биде лидер на Православието

502
0

Руските државни власти почнаа да се мешаат и офиицјално во односите на правславните цркви.

ruski ekspertЗаменик претседателот на државната комисија за вера при министерството за правда на Русија, Роман Силантев во изјава за ИТЕР ТАС, отворено тврди дека Москва е таа која има легитимитет да организира Собор од сеправославен карактер, а не Вселенската патријаршија, обвинувајќи го Вартоломеј дека е неспособен да биде лидер на единството.

-Собор од таков тип треба да организира Руската православна црква. Константинопол се компромитира, тој можеше да направи отстапки, уште повеќе што таквите отстапки немаше да имаат глобален карактер – претензиите на Бугарската и другите цркви немаа збунувачки карактер.  Константинопол  не успеа да ја организира нормално манифестацијата, немаше големи проблеми, но оваа диктатура, овој притисок не предизвика радост кај останатите цркви. Константинопол е неспособен да биде лидер на консолидацијата, затоа следниот лидер на консолидација треба да биде Москва “, потенцирал државниот експерт од руското министерство за правда.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *