Почетна Вести Можен пресврт на Соборот на Крит. СПЦ ќе учествува
Можен пресврт на Соборот на Крит. СПЦ ќе учествува

Можен пресврт на Соборот на Крит. СПЦ ќе учествува

155
0

sobor spc golemaСрпската православна црква најверојатно ќе учествува на Соборот на Крит закажан за следната недела, објавуваат српските медиуми.

Таква одлука била донесена на денешниот вонреден Собор на СПЦ во Белград, кој како што пишува Блиц, бил свикан со цел да се спречи евентуалниот пуч, што го заговарал Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ по барање на Руската православна црква.

Блиц пишува дека веста дека СПЦ нема да учествува на Соборот ја пласирал Буловиќ , иако таква одлука немало донесено СПЦ.

Истовремено пак од Крит во изјава за Политика, Митрополитот Амфилохиј, кој учествува на подготовките за Соборот изјавил дека СПЦ ќе учествува на Соборот и дека постои расположение да се прифати нивниот предлог овој Собор да биде поготвителна сесија за конечниот Собор кој треба да се одржи следната година.

Повеќе информации во текот на денот.

/РЕЛИГИЈА.МК

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *