Почетна Вести Владиката Јован нема да го „преживее“ Соборот на СПЦ
Владиката Јован нема да го „преживее“ Соборот на СПЦ

Владиката Јован нема да го „преживее“ Соборот на СПЦ

737
0

jovan niskiАко, банатскиот Епсикоп, Никанор успеал да се испазари и најверојатно ќе го „преживее“ и овој Собор на СПЦ, пред се благодарение на лоби групата на Иринеј Буловиќ, Епископот од Ниш, Јован, како што неофицијално пишуваат српските медиуми и официјално ќе биде развластен од управување со Нишката Епархија.

Нишкиот владика Јован е еден од владиците за кои ќе се расправа на Соборот на СПЦ, кој почна вчера. Тој сега е привремено суспендиран, а конечната одлука треба да ја донесе овој Собор.

Тој е обвинет за несовесно управување со црковните пари, но дополнително посериозно обвинување е „неспособноста да управува со Епархијата“. По хаотичната состојба во оваа Епархија која настана поради постапките на владиката во еден ден да носи и порменува важни одлуки, тој лично побара од Синодот да се повлече од функцијата до конечната одлука на Соборот на СПЦ. Доколку биде разрешени, Соборот ќе назначи администратор на оваа епархија.

Инаку на овој Собор на СПЦ треба да бидат назначени владици за Канадската, Милешевската и Добробосанската епархија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *