Почетна Вести Дали Никанор се испазари за владичка митра и жезол?
Дали Никанор се испазари за владичка митра и жезол?

Дали Никанор се испазари за владичка митра и жезол?

271
0

nikanor banatski 2Банатскиот епископ Никанор, најверојатно ќе се спаси од смена на Соборот кој денеска почнува, бидејќи како што тврди, српски „Блиц“ се договорил со свештениците кои го обвинуваа за злоставување и криминал со црковни пари, да ги повлечат обвинувањата против него.

„Блиц“, повикувајќи се на извири од Патријаршијата открива дека договорот меѓи Владиката Никанор и оние кои го обвинувале паднал во кабинетот на Патријархот Иринеј, каде двете страни биле повикани на соочување.

-Патријархот бараше соочување на Владиката Никанор со свештениците и јасно им пренесе дека поради лични интереси заборавиле на интересите на верниците и Црквата и дека ова им е последна опомена. Во спротивно и владиката и свештениците ќе ги сносат последиците, бидејќи Патријархот повеќе не сала да дозволи да се урива угледот на Црквата. Сепак постои можност некој од владиците да го покрене прашањето за смена на Никанор, на што Соборот ќе одлучува, изјавил за „Блиц“ еден од влијателните владици на СПЦ.

Истиот извор потенцирал дека Соборот на СПЦ годинава нема да биде турбилентен како ланскиот, но сепак потенцирал дека ќе се види како ќе се одвива расправата за финансиските извештаи, бидејќи Патријархот наредил посебни контроли на црковните книги, со намера да се спречат финансиските малверазции.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *