Почетна Вести Христијанство Утре сепак е неработен ден за Скопјани
Утре сепак е неработен ден за Скопјани

Утре сепак е неработен ден за Скопјани

112
0

Училиштата и вработените во јавната и државната администрација во Скопје утре нема да работат поради посетата на папата Франциск.  Владата, иако најави дека вторник 7 мај ќе биде работе, сепак попладнево соопшти дека донела одлука 7 мај да биде неработен ден, согласно последните организациски проценки за посетата и барањата на институциите и граѓаните, но за скопјани.

„Утре е неработен ден за вработените во јавната и државната администрација во Скопје. Со оваа одлука се опфатени основните и средните училишта, а градинките ќе бидат организирани непречено да ја извршуваат својата функција“, соопшти Владата и им препорача и на приватните компании, особено од централното градско подрачје, да ја прифатат одлуката овој ден да биде неработен и во овој сектор. На тој начин приватните компании ќе го дадат својот придонес во организацијата на програмските содржини од посетата на патпата. Дополнително ќе биде соопштено кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден“, велат од Владата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *