Почетна Вести Регион Бугарската црква му дозволи на Папата да се моли во Соборнит Храм Свети Александар Невски
Бугарската црква му дозволи на Папата да се моли во Соборнит Храм Свети Александар Невски

Бугарската црква му дозволи на Папата да се моли во Соборнит Храм Свети Александар Невски

587
0

Во листата на барањата пред посетата на Папата Франциск на Бугарија, била наведена и неговата желба да се моли пред иконата на Светите Кирил и Методиј во храмот Свети Александар Невски во Софија.

-Ги исполнивме сите желби на папата Френциск за организација и протокол. Ова го потврди главниот секретар на Светиот Синод на БПЦ, епископот Герасим.

При тоа,  Папата побарал да остане сам во храмот, каде што се молел.Светиот татко престојува во Бугарија со група од 35 луѓе – највисоки претставници на Светата Столица.

Денеска, во рамките на вториот ден од неговата посета, Папата го посети бегалскиот центар “Враждебна”, по што во градот Раковски одржа света литургија со причест на 250 деца во црквата “Пресвето срце Исусово”. На плоштадот пред црквата го чекаа околу 2.000 луѓе.

Посетата на папата Френциск во Бугарија завршува со молитвата за мир на плоштадот “Независност” во Софија.  Папата Френсис ќе го испрати премиерот Бојко Борисов, утре, на 7-ми мај, кога патува во Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *