Упасени двајца монаси, палеле 5Г антени за да ги спасат луѓето

Date:

Share post:

Француската полиција уапсила двајца монаси од традиционалниот капучински Манастир Свети Франциск, близу Лион, поради доста чуден настан. Двајцата монаси се обиделе да запалт 5Г антена во непосредна близина на Анси.

Два ден пред тоа исто така се обиделе да запалат и друга 5Г антена, во близина на градот Сан Форжо.

Едниот е на 40, а другиот на 39 години.

На распит во полицијата тие го признале делото со тврдење дека сакале да ги запалат 5Г антените затоа што сакале да го заштитат населението од штетното дејство на 5Г мрежата.

Игуменот на манастирот изјавил дека е запрепастен и жали за грешката на двајцата оци.

Монасите се обвинети за вандализам и подметнување пожар.

-Ако навистина монасите на овој начин гледаат на 5Г мрежата, тие навистина се ненормални, многу жално, изјавил градоначалникот на Сан Форжо.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img