Почетна Вести Регион Новинар, експерт за верски прашања – кандидат за Претседател на Бугарија
Новинар, експерт за верски прашања – кандидат за Претседател на Бугарија

Новинар, експерт за верски прашања – кандидат за Претседател на Бугарија

178
0

Новинар чиј главен фокус на известување во својата новинарска кариера се верските и црковните прашања е кандидат за Претседател на Бугарија. Станува збор за Горан Благоев, историчар, кој долги години беше автор на емисијата „Вера и општество“ на национата бугарска телевизија БНТ.

Горан Благоев, новинар и автор на „Вера и општество“

Неговата кандидатура е од коалицијата „Национална унија на десницата” – КОД и „Републиканците за Бугарија” на Петар Москов и Цветан Цветанов.

Благоев е одличен познавач на црковните прашања, поддржувач на иницијативата за пријателство меѓу МПЦ-ОА и БПЦ. а воедно добар познавач на македонско-бугарските односи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Благоев изразил мислење дека Радев не направил ништо значајно за бугарско-македонските односи.

Истовремено, овој познат ТВ-новинар и историчар Горан Благоев смета дека политиката на Бугарија кон Македонија во последните 30 години била неконзистентна. Во текот на овие години, Бугарија не направи ништо посебно во споредба со Северна Македонија, а имаше можности, категоричен е. Тој беше дециден и за меѓукултурните и билатералните црковни односи.

-Национална унија на десницата” – КОД и „Републиканците за Бугарија” се една од ретките политички формации кои отворено изјавуваат дека Северна Македонија има место во ЕУ во согласност со условите од Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година, вели Благоев.

Неговите програми на ТВ Еуроком и порано на БНТ, исто така, се следат преку Интернет во Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *